Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Втор круг во четири скопски општини и за градоначалник на Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryovofe5aeqjj29IPP8ti

По првиот круг од локалните избори, граѓаните во повеќе општини избраа градоначалници уште во првиот круг, додека во дел од општините трката продолжува на 2 ноември, кога ќе се одржи вториот круг од изборите.

— реклама —

Според податоците на Државната изборна комисија, во шест скопски општини веќе се избрани градоначалници — Бутел, Гази Баба, Ѓорче Петров, Кисела Вода, Сарај и Чаир. Во останатите четири – Аеродром, Центар, Карпош и Шуто Оризари, граѓаните повторно ќе треба да излеат на гласање.

— реклама —

Во Аеродром, најмногу гласови во првиот круг освои актуелниот в.д. градоначалник Дејан Митески со 49,09%, пред Александар Трајановски со 20,79%. Двајцата одат во втор круг.

— реклама —

Во Центар, актуелниот градоначалник Горан Герасимовски освои 38,21% од гласовите, додека Мирослав Лабудовиќ доби 25,53%. И тие двајца ќе се соочат повторно во вториот круг.

Во Карпош, во водство е Сотир Лукровски со 34,51% пред Стевчо Јакимовски, кој има 29,40%.

Во Шуто Оризари, вториот круг ќе го одлучи победникот меѓу актуелниот градоначалник Курто Дудуш (36,57%) и Ерџан Демир (20,69%).

Втор круг ќе има и за градоначалник на Град Скопје, каде што ќе се натпреваруваат Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ. Ѓорѓиевски освои 39,43% од гласовите или 91.582 гласа, а Мециновиќ 13,20% или 30.659 гласа.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycak5c7j21gdgfgOmj0z

Таравари слави во Полог: Алијансата победи во Гостивар и Врапчиште

Македонија | пред 2 месеци

media-librarysaht6opj7ppf75BjwyV

Валбон Лимани на ДУИ и Таравари води на повторените избори во Гостивар, покажуваат првичните резултати

Македонија | пред 2 месеци

Screenshot-2021-10-16-at-18.48.00

Едно избирачко место на повторените локални избори воопшто не е отворено, во неколку се доцнело поради временските услови

Македонија | пред 2 месеци

media-libraryil4gvt00p1r8f5iSGkA

Започна повторното гласање за градоначалник во Гостивар, Маврово – Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања