Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ отвори тајна фабрика за дронови, со Израелците планира уште три

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Балкан
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Србија планира да изгради најмалку уште три фабрики за производство на дронови во соработка со израелски партнери, најави српскиот претседател Александар Вучиќ при отворањето на нова фабрика за склопување дронови во Србија.

— реклама —

Вучиќ рече дека, поради доверливоста на производниот процес, новинарите не биле поканети на отворањето и разгледувањето на фабриката. Подоцна објасни дека за две од трите планирани нови фабрики веќе се определени локации, а сите три ќе бидат во близина на аеродроми. Локацијата на новоотворената фабрика не е објавена, освен што е наведено дека се наоѓа во рамките на военоиндустриски комплекс.

— реклама —

Вучиќ најави и дека Србија заедно со израелските партнери работи на создавање „дигитална армија“. Според него, целта на развојот на воените капацитети е Србија да ја зачува стабилноста и да има поголема способност за одвраќање на потенцијални напади.

Најавата доаѓа во период кога Вучиќ активно учествува во кампањата пред предвремените парламентарни избори, закажани за 25 октомври. Тој најави дека на 27 септември ќе поднесе оставка од функцијата претседател и како граѓанин ќе ја продолжи кампањата. Вучиќ очекува по изборите да стане премиер доколку победи листата на Српската напредна странка, чиј носител е тој.

— реклама —

Соработката меѓу Србија и Израел во военоиндустрискиот сектор претходно беше предмет на истражувања на Балканската истражувачка мрежа (БИРН) и израелскиот весник „Хаарец“. Тие објавија дека Србија договорила производство на дронови на своја територија со израелската воена компанија „Елбит системс“.

Србија и Израел имаат развиена соработка и во областа на трговијата со оружје. Според претходно објавените податоци, извозот на оружје и муниција од Србија во Израел значително се зголемил од 2023 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryveku9n0qnaph8V1U6dx

(Видео) „Србијо, те сакаме! Во недела ја ослободуваме татковината“ – последна порака од студентите пред изборниот молк

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Маскирана група демолирала кафуле во Белград, повредени двајца холандски рагбисти

Балкан | пред 15 часа

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Апсења во Нови Сад: Осомничени дека планирале да предизвикаат немири во Белград за време на изборите

Балкан | пред 1 ден

media-library13rk50ip047kauqNvmH

Анкета во Србија: Студентската листа во водство, речиси една петтина од гласачите неопределени

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања