Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО

„Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот

Во живо „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ: Балканот повторно е место каде што се судираат интересите на големите сили

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
Screenshot-2023-10-01-at-09.41.58

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во пресрет на одбележувањето на Денот на сеќавање на сите загинати и прогонети во воената операција „Олуја“ во Мркоњиќ Град, изјави дека Балканот и денес е простор каде што се судираат интересите на големите сили.

— реклама —

Според него, самостојна и независна Србија отсекогаш претставувала проблем за дел од меѓународните фактори, а, како што рече, тоа не е променето ниту денес.

— реклама —

Вучиќ оцени дека Република Српска останува клучен партнер на Србија и нагласи дека благодарение на неа Босна и Херцеговина не ја признала независноста на Косово и останала воено неутрална.

Тој ги критикуваше политичките противници во Србија, обвинувајќи ги дека отворено се спротивставуваат на Република Српска и на поврзувањето на српскиот народ, а дел од нив ги нарече „лажни салонски националисти“.

— реклама —

Осврнувајќи се на Црна Гора, Вучиќ изјави дека претставник на нејзината Влада присуствува на прослава поврзана со „убивањето на Србите“, додека официјална Подгорица не испратила свои претставници на комеморацијата.

— реклама —

Тој најави дека во своето вечерашно обраќање ќе зборува за, како што рече, предизвиците што ја очекуваат Србија во иднина и за начините на кои земјата треба да ги заштити своите национални интереси.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ најави дека ќе ги игнорира претседателските избори во Србија

Балкан | пред 4 часа

— реклама —
media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Во овој момент не е можно одржување претседателски избори во Србија

Балкан | пред 5 часа

media-library06g0jovu48bl9Fze6Ri

Вучиќ најави обраќање во 13 часот, ќе изнесе детали за „теророт“ и за политиката што моментално се спроведува во земјата

Балкан | пред 12 часа

media-libraryvouc7e6vb534fTnQEFP

Вучиќ стана инфлуенсер, ги преплави социјалните мрежи со рилсови

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања