Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ: Денес имаме со што да одиме во војна, Србија е посилна од кога било

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
vucic-45345

Претседателот на Србија Александар Вучиќ изјави дека земјата денес има значително поголеми одбранбени капацитети, но порача дека не сака војна и останува посветен на мирот.

— реклама —

„Денес сме многу посилни и затоа никој нема да нè нападне, но мора да продолжиме да се зајакнуваме. Сега би имале со што да одиме во војна, но не сакам војна, затоа што на граѓаните им ветив мир“, изјави Вучиќ.

Тој оцени дека Србија е повеќекратно посилна отколку пред 15 години, нагласувајќи дека зајакнувањето на војската е резултат на економскиот раст и инвестициите во одбранбениот сектор.

— реклама —

Според него, земјата располага со значајни количества оружје и воена опрема, вклучително и набавки од Израел, што дополнително ја зголемило борбената готовност.

— реклама —

Вучиќ најави дека претстојната посета на Кина ќе биде една од најважните во неговата политичка кариера. Таму, како што рече, ќе се сретне со претседателот Си Џинпинг, кој во наредниот период ќе биде домаќин и на лидерите на САД и Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин.

Во фокусот на разговорите, како што посочи, ќе бидат роботиката, вештачката интелигенција, воено-техничката и економската соработка, инфраструктурата, како и реформите во образованието.

— реклама —

Говорејќи за Косово, Вучиќ истакна дека прашањето повторно е на преговарачката маса, но нагласи дека Србија нема да влезе во воен конфликт и ќе продолжи со политика на соработка со различни партнери.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ најави дека ќе ги игнорира претседателските избори во Србија

Балкан | пред 2 дена

— реклама —
media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Во овој момент не е можно одржување претседателски избори во Србија

Балкан | пред 2 дена

media-library06g0jovu48bl9Fze6Ri

Вучиќ најави обраќање во 13 часот, ќе изнесе детали за „теророт“ и за политиката што моментално се спроведува во земјата

Балкан | пред 2 дена

media-libraryvouc7e6vb534fTnQEFP

Вучиќ стана инфлуенсер, ги преплави социјалните мрежи со рилсови

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања