Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ денеска со Зеленски во Белград: Ова се трите клучни теми на разговорите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска ќе го прими украинскиот претседател Володимир Зеленски, кој престојува во официјална посета на Србија.

— реклама —

Како што соопшти Службата за соработка со медиумите на претседателот на Србија, за 10:30 часот е предвидена свечена церемонија на пречек пред Палатата „Србија“, по што во 10:45 часот ќе се одржи тет-а-тет средба меѓу Вучиќ и Зеленски.

За 11:15 часот е закажан состанок на делегациите на двете земји, предводени од претседателите на Србија и Украина.

— реклама —

Во 12:00 часот е предвидено потпишување на Меморандум за разбирање меѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија и Државната служба на Украина за безбедност на храната и заштита на потрошувачите, за соработка во областа на здравјето на животните и безбедноста на храната.

— реклама —

По потпишувањето, во 12:05 часот, Вучиќ и Зеленски ќе дадат изјави за медиумите.

Вучиќ во четвртокот изјави дека на средбата со Зеленски ќе бидат разгледани неколку важни теми, меѓу кои европскиот пат на Украина и Србија, билатералната економска соработка и енергетската соработка.

— реклама —

„Доаѓа во прва билатерална посета претседателот на Украина. Досега имавме пет или шест средби, главно на различни самити и конференции. Имаме неколку важни теми. Едната е европскиот пат на Украина и Србија, бидејќи приближно се наоѓаме во слична ситуација и се соочуваме со исти или слични проблеми на европскиот пат“, рече Вучиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 12 часа

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 2 дена

policija-srbija

Го претепале до смрт сведокот за случајот со малата Данка Илиќ, уапсени осум полицајци во Србија

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања