Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ најави контроли во аптеките: Ако не се намалени цените на лековите, ќе има казни

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Балкан
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека утре лично ќе ги посети аптеките во источниот и југоисточниот дел на Србија за да провери дали цените на лековите се намалени во согласност со претходно најавените мерки.

— реклама —

Тој порача дека ќе бидат изречени казни за сите кои нема да ги исполнат обврските и додаде дека по два дена повторно ќе биде извршена контрола.

— реклама —

„Ќе има казни за одговорните и за оние што нема да ги исполнат обврските. Ќе почекаме два дена, па повторно ќе провериме. Само да не биде изговор дека е сабота. Јас најавив 1 август, а тоа е сабота. Веќе однапред ги знам сите нивни изговори“, изјави Вучиќ.

— реклама —

Одговарајќи на прашање дали во иднина би можело да се воведат мобилни аптеки, тој рече дека главното прашање е кој ќе го финансира нивното функционирање.

Вучиќ се осврна и на состојбата со јавните финансии, истакнувајќи дека секојдневно ги следи буџетските приходи, но дека глобалните случувања, особено војните во Иран и Украина, имаат силно влијание врз српската економија. Тој додаде дека државата се соочува со намалени приходи од акцизите на нафтата, додека истовремено растат барањата за финансиска поддршка од различни сектори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

operacija

Историски успех на српските неврохирурзи: Првпат применета нова метода при операција на мозочна аневризма

Балкан | пред 20 часа

— реклама —
media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Студентите во Србија најавуваат специјален суд и бараат оставки од најмоќните функционери

Балкан | пред 22 часа

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Лажни дојави за бомби во објектите на РТС, вработените се вратија на работа

Балкан | пред 1 ден

zmija-1

Питон пронајден во училишен двор во Белград, сопственикот тврди дека му испаднал од ранец

Балкан | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања