Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ по апсењето на човекот што му се закануваше: Ќе му помогнам, сигурно е добар човек

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
Screenshot-2024-01-22-at-09.31.58

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека ќе се обиде правно да му помогне на човекот кој беше уапсен под сомнение дека преку социјалните мрежи му упатувал закани со смрт.

— реклама —

Како што пренесува „Данас“, Вучиќ на својот профил на „Инстаграм“ порача дека ќе изјави оти не се чувствува загрозен, бидејќи тоа би можело да влијае на постапката против осомничениот.

— реклама —

„Јас не сум обвинител, ниту сум судија и, колку и да е одвратно да се слуша ова, ќе се обидам да му помогнам. Ќе кажам дека не се чувствувам загрозен, а тоа ќе му помогне во постапката. Сигурен сум дека во него се крие добар домаќин, добар Шумадиец, кого некој го завел со морничави невистини“, изјави Вучиќ.

Тој оцени дека заканите се резултат на манипулации од оние кои, според него, сакале да ја поделат Србија.

— реклама —

Српската полиција го уапси 55-годишниот жител на Крагуевац, со иницијали С.С., кој е осомничен дека на својот профил на „Фејсбук“ објавил видео во кое, држејќи нож, директно му се заканувал со смрт на Вучиќ и на главниот и одговорен уредник на весникот „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ.

— реклама —

Осомничениот се товари за кривичното дело „загрозување на сигурноста“, а одреден му е притвор до 48 часа, по што ќе биде изведен пред надлежното обвинителство.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarytdjc4885eie333kQMVZ

Вучиќ најави дека ќе ги игнорира претседателските избори во Србија

Балкан | пред 9 часа

— реклама —
media-library92amidutjmj865s26Ra

Вучиќ: Во овој момент не е можно одржување претседателски избори во Србија

Балкан | пред 11 час

media-library06g0jovu48bl9Fze6Ri

Вучиќ најави обраќање во 13 часот, ќе изнесе детали за „теророт“ и за политиката што моментално се спроведува во земјата

Балкан | пред 18 часа

media-libraryvouc7e6vb534fTnQEFP

Вучиќ стана инфлуенсер, ги преплави социјалните мрежи со рилсови

Балкан | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања