Промени тема
Контакт

Вучиќ: Ретко кој ќе успее двапати да освои речиси 60 отсто во првиот круг

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, говорејќи за своите политички противници и за претстојните избори, изјави дека во текот на својата политичка кариера секогаш бил насочен кон поставените цели, а не кон ривалите.

„Секогаш ги гледав целите пред себе, високо поставената летвичка и што е тоа што мораме да го направиме. Не се занимавав со своите противници, кои секогаш сум ги почитувал. Не морав да бидам воодушевен од нивната програма и план, некогаш и не постоеше, некогаш постоеше“, изјави Вучиќ.

— реклама —

Тој додаде дека во секој момент се обидувал да остане фокусиран на задачите што стојат пред него и неговиот политички тим.

„Секогаш се обидував да се концентрирам на она што е наша задача и верувам дека луѓето го препознаа тоа“, рече српскиот претседател.

— реклама —

Осврнувајќи се на изборните резултати што ги постигнал во изминатите години, Вучиќ нагласи дека ретко кој политичар успева двапати да победи во првиот круг со толку висока поддршка од гласачите.

— реклама —

„Малку кому ќе му појде од рака да победува двапати со речиси 60 отсто од важечките гласови во првиот круг“, изјави Вучиќ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryv9qvjv1lf90097kQbs8

Вучиќ: Во недела на 27 септември ќе поднесам оставка

Свет | пред 15 часа

— реклама —
Screenshot-2023-09-28-at-23.48.32

Вучиќ со порака до противниците: „Ќе ги победиме“

Балкан | пред 3 дена

490506140_1221633092883168_4859003472972009158_n

Вучиќ најави оставка, ќе се кандидира за премиер

Балкан | пред 1 седмица

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ ја потврди датата за изборите во Србија:

Балкан | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања