Промени тема
Контакт

Вучиќ се огласи за нарко-афера која води до Македонија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Свет
vucic-45345

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, се огласи по повод неодамнешната заплена на голема количина дрога во близина на Крушевац која дошла од Македонија, оценувајќи дека дел од јавноста и политичките актери се обидуваат секој успех на државата да го претстават во негативен контекст.

„Што и да се случи, каде и да се случи, тие ќе свртат сѐ наопаку и за секој успех на државата ќе ја обвинат токму државата“, напиша Вучиќ во објава на Инстаграм, реагирајќи на коментарите и критиките поврзани со случајот.

— реклама —

Во меѓувреме, Посебното одделение за организиран криминал при Вишиот суд во Белград на 31 јануари 2026 година донесе решение со кое им одреди притвор на осомничените Н.С., Р.С. и И.Д., во траење до 30 дена. Притворот е изречен поради опасност од бегство, можност за влијание врз сведоци, ризик од повторување на кривичното дело, како и поради тежината на делото и вознемиреноста на јавноста.

Според судското решение, осомничените се товарат за кривично дело неовластено производство и ставање во промет на опојни дроги, за кое е предвидена затворска казна подолга од десет години. Судот оценил дека начинот на извршување и последиците од делото можат да го загрозат непреченото и правично водење на кривичната постапка доколку осомничените се бранат од слобода.

— реклама —

Против решението за притвор е дозволена жалба до кривичното вонпретресно веќе на Вишиот суд во Белград, во рок од три дена од приемот на решението.

— реклама —
media-librarytd89qso8222p1uMqAoD

(Видео) Србија ја тресе најголемата нарко-афера која води до Македонија: рекордна заплена на марихуана

Набавката на повеќе од пет тони марихуана oд територијата на Република Македонија е клучниот елемент во истрагата за најголемата заплена на дрога во историјата на Србија. Според српското Обвинителство за организиран криминал, организирана криминална група од почетокот на јануари до 29 јануари 2026 година во Македонија се стекнала со точно 5.002.079,18 грама марихуана, која потоа била транспортирана преку граница и пласирана на српскиот пазар.Како што наведуваат истражните органи, дрогата, по пл

Свет | пред 7 месеци

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library4bal9nem50nd1iuSgCr

Трагедија во Нови Сад: 21-годишник ја убил мајка си

Балкан | пред 1 ден

— реклама —
media-library5u3g601o3at0cFS1heX

Србинот кој беше фрлен во море поради маица на Црвена звезда, заврши во затвор

Свет | пред 1 ден

media-libraryqlia6kne459ddl398Sj

Срдановиќ за дуелот со Вучиќ: Ќе разговараме со луѓе кои имаат што да кажат и знаат што зборуваат

Балкан | пред 1 ден

Screenshot-2023-09-28-at-23.48.36

Вучиќ отвори тајна фабрика за дронови, со Израелците планира уште три

Балкан | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања