Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ: Со дроновите што ќе ги произведуваме со Израел, Србија ќе стане воена сила

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
vucic

Србија ќе произведува дронови во соработка со Израел, а претседателот Александар Вучиќ оцени дека проектот ќе придонесе земјата да стане „воена сила“.

Обраќајќи им се на граѓаните во Белегиш, Вучиќ рече дека производството на дроновите ќе се одвива во Србија и дека станува збор за српски производ.

— реклама —

„Тоа ќе бидат наши дронови и поради тоа ќе бидеме воена сила“, порача Вучиќ, одговарајќи на критиките за одлуката Србија да произведува беспилотни летала со израелски компании.

— реклама —

Тој оцени дека соработката со Израел е добра за Србија бидејќи, како што наведе, израелските компании произведуваат едни од најдобрите дронови во светот.

Вучиќ додаде дека Србија мора да има силна армија за да може да го заштити населението и територијата.

— реклама —

„Мора да бидеме силни за да го зачуваме нашиот народ и да ја чуваме нашата земја“, рече српскиот претседател.

— реклама —

Тој се осврна и на критиките од политичките противници, наведувајќи дека одлуката за производство на дронови ја смета за стратешки важна.

Вучиќ претходно најави дека фабриката за производство на дронови со израелска технологија би требало да биде отворена во Србија во текот на септември. Засега не се објавени детали за нејзината локација, производствениот капацитет или конкретните модели што ќе се произведуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 10 часа

— реклама —
media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 1 ден

media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 2 дена

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања