Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ: Србија не изгуби ништо со доаѓањето на Зеленски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Балкан
Screenshot-2024-01-22-at-09.31.58

Србија ќе продолжи да води независна надворешна политика и покрај различните притисоци, порача денес српскиот претседател Александар Вучиќ, кој истакна дека Белград не се откажува ниту од соработката со Западот, ниту од пријателството со Русија.

Коментирајќи ја посетата на украинскиот претседател Володимир Зеленски на Србија, Вучиќ рече дека неговото доаѓање не значело никаква загуба за земјата. Тој истакна дека Србија продолжува да соработува со Кина и со САД, но и дека не сака да го наруши пријателството што го има со Русија.

— реклама —

Во врска со критиките дека Србија не може да води независна политика и дека се обидува да балансира меѓу различни страни, Вучиќ порача дека таквиот курс ќе продолжи.

— реклама —

„Никаде не ја преминав границата на нашата политика, што ја воспоставивме за време на состанокот со Зеленски. Нема да бидам ничија марионета“, рече Вучиќ.

Тој додаде дека Србија не сака да ѝ служи на ниту една голема сила.

— реклама —

„Не сакам никому да му служам, ниту на Англија, ниту на Германија, ниту на Америка, ниту на Русија“, порача српскиот претседател.

— реклама —

Вучиќ истакна и дека Украина никогаш не била непријател на Србија и дека станува збор за земја која го поддржува територијалниот интегритет на Србија.

На прашањето за критиките дека Србија „седи на повеќе од едно столче“, Вучиќ одговори: „Ние имаме само свое столче“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 3 часа

— реклама —
media-library7f5e8qmn8ij423xF0pr

Цистерна со цемент излетала од патот кај Белград, двајца повредени

Балкан | пред 12 часа

brnabikj

По станот во Белград, шефот на кабинетот на Брнабиќ купил и луксузен имот во Тиват

Балкан | пред 2 дена

policija-srbija

Го претепале до смрт сведокот за случајот со малата Данка Илиќ, уапсени осум полицајци во Србија

Балкан | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања