Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Вучиќ за претстојните избори: „Граѓаните ќе изберат – распарчување на земјата или развој и слобода“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Балкан
media-library92amidutjmj865s26Ra

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, порача дека граѓаните на претстојните избори ќе имаат избор меѓу две, како што наведе, целосно спротивставени опции.

— реклама —

„На изборите, кога и да бидат, луѓето ќе избираат меѓу враќање во минатото, грабеж и распарчување на државата или ќе продолжиме по патот на развојот и слободата“, напиша Вучиќ на Инстаграм.

Тој изјавил во Батровци дека пред граѓаните наскоро се „одлучувачки и судбински избори“ за иднината на Србија, на кои ќе се одлучува дали државата ќе оди кон иднината или ќе се врати во минатото.

— реклама —

Обраќајќи им се на насобраните граѓани, Вучиќ истакнал дека станува збор за избори што ќе ја определат иднината на земјата.

— реклама —

„Дали ќе ја вратиме власта во рацете на оние што ја уништија државата, кои 12 години ја разоруваа, кои Србите ги продаваа на Хашкиот трибунал, кои ја уништија економијата и отпуштија 550.000 луѓе, ги затворија фабриките, додека народот стануваше посиромашен, а тие побогати“, изјавил Вучиќ.

Тој додал дека не смее повторно да им се дозволи на тие луѓе да управуваат со државата и да се пресметуваат со сите што, според него, биле поуспешни од нив.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 17 часа

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 1 ден

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања