Промени тема
Контакт
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци
ВО ЖИВО ОД ОХРИД: Антонија Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков, музика,смеа,подароци

Хакиран серверот на Државниот завод за ревизија: Од е-адресата на директорот се испраќаат лажни пораки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Македонија
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ
фото: unsplash

Државниот завод за ревизија соопшти дека неговиот сервер бил цел на сајбер-напад, при што од официјалната електронска адреса на директорот, Максим Ацевски, се испраќаат фишинг, односно измамнички пораки.

Како што информираат од Заводот, сомнителните пораки се испраќаат до приматели низ Македонија, но и до меѓународни соработници на институцијата. Оттаму апелираат граѓаните и институциите да не ги отвораат овие пораки и да не кликнуваат на линковите што ги содржат.

— реклама —

Од Државниот завод за ревизија посочуваат дека информатичкиот сектор веќе работи на отстранување на проблемот, а случајот е пријавен и во Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Во меѓувреме, веб-страницата на Заводот функционира непречено и на неа продолжуваат да се објавуваат ревизорски извештаи.

— реклама —

Пред неколку дена и Министерството за внатрешни работи предупреди на зачестени фишинг измами преку СМС-пораки, електронска пошта, лажни веб-страници, мобилни апликации и социјални мрежи, со кои измамниците се обидуваат да дојдат до лични и финансиски податоци на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library366ul2cdlrhuf419AKk

МРТ: Падот на емитувањето на Дневник е поради технички проблем, можно и хакерско влијание

Македонија | пред 9 месеци

media-librarym5f78jp7t3kg5MzpdIJ

(Видео) Закани кон македонските власти, преку хакираната страница на скопската автобуска страница

Македонија | пред 9 месеци

media-librarymm73dc19pvgr0kQ2Zb7

Лажни се мејловите и пасвордите кои кружат на интернет од државни институции, лажна е заканата за голем сајбер напад, вели Андоновски

Македонија | пред 9 месеци

media-library4iqoeve67knv76F1jQT

Мистериозен „хакирачки напад“ без последици? МВР истражува кој праќа пораки за хакирање на Мицкоски и Тошковски

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања