Промени тема
Контакт

Хакирани рутери како оружје: откриена руска операција за шпионажа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
hakeri

Руските разузнавачки служби шпионирале граѓани од Европската Унија, Соединети Американски Држави и Украина преку хакирани Wi-Fi рутери, соопшти Службата за безбедност на Украина (СБУ).

Според СБУ, операцијата била координирана со ФБИ, полските разузнавачки служби и европските агенции за спроведување на законот, со цел неутрализирање на сајбер заканата.

— реклама —

Истражувањето покажало дека руската воена разузнавачка служба ГРУ таргетирала рутери кои не ги исполнуваат современите безбедносни стандарди. По пробивањето на уредите, напаѓачите го пренасочувале интернет-сообраќајот и станувале „посредници“, што им овозможувало да пресретнуваат лозинки, токени за автентикација и други чувствителни податоци.

„Непријателот имал намера да ги искористи собраните информации за сајбер напади, информативни саботажи и разузнавачки активности“, наведуваат од СБУ.

— реклама —

Особен фокус бил ставен на комуникацијата на државни службеници, припадници на украинските вооружени сили и компании од одбранбената индустрија, што укажува на сериозен обид за продор во чувствителни системи.

— реклама —

Овој случај повторно го отвора прашањето за безбедноста на домашните и корпоративните мрежи, особено кај уреди кои не се ажурирани и не користат современи заштитни протоколи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb521vis21qi88JhzpeQ

Партијата на Путин со убедливо водство на парламентарните избори во Русија

Свет | пред 5 часа

— реклама —
media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 18 часа

media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 19 часа

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања