Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Хартиените билети за парискиот метро заминуваат во историјата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Свет
media-libraryv3imonvq8g2o9eQixTK

Хартиените билети за париското подземје стануваат минато, а ќе бидат заменети со дигитални билети и картички, соопшти компанијата „РАТП“ (RATP) која управува со овој јавен превоз во француската престолнина.

— реклама —

Продажбата на хартиени билети официјално заврши во средата, што претставува дел од постепеното укинување на продажните места за еднократни билети, од кои годишно се продаваа повеќе од 500 милиони.

— реклама —

Оваа промена е дел од повеќегодишната транзиција кон дигитални решенија и поголема употреба на картички за превоз, пренесува агенцијата ДПА (dpa).

— реклама —

Крај на една ера

Пред две години во историјата замина и познатиот „Carnet de 10“ – десет билети по намалена цена, многу популарно меѓу туристите.

Сите кои сè уште поседуваат хартиени билети ќе можат да ги искористат до следната година, по што ќе можат да ги заменат со други форми на билети.

Од „РАТП“ објаснуваат дека укинувањето на хартиените билети, воведени со отворањето на париското метро пред 125 години, има за цел намалување на влијанието врз животната средина преку напуштање на нивното производство и рециклирање.

Со оваа промена компанијата сака да го забрза протокот на патници, да го подобри корисничкото искуство и да го олесни пристапот до метрото за сите патници.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library47r82fb1fuba1MXDqZA

Скандал во Лувр: Туристички водичи и вработени обвинети за измама, продавале лажни билети на кинески посетители

Свет | пред 1 месец

media-libraryqsrf3nak5oa20XMhDDI

Владата уверува во Париз: Македонија останува посветена на заштитата на Охридскиот Регион

Охрид | пред 1 месец

media-libraryq4c1m6th85u8acMWg6o

Лет на Wizz Air прекинат по два часа: итно слетување во Брисел

Македонија | пред 1 месец

pariz-traktori

(Видео)Фармерите ги блокираа Ајфеловата кула Триумфалната капија

Свет | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања