Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Хеликоптер се урна во Швајцарија – шест лица повредени, едно во животна опасност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Свет
media-libraryo35evdmaudhcbo62erQ

Шест лица се повредени при пад на хеликоптер во јужниот дел на Швајцарија, во кантонот Тичино, откако леталото паднало од висина од околу 20 метри, пренесуваат локалните медиуми.

— реклама —

Според првичните информации, едно лице се здобило со повреди опасни по живот, две лица се потешко повредени, додека останатите патници имаат полесни повреди.

Несреќата се случила вчера попладне, околу 16:30 часот, при приближување на хеликоптерот кон градилиште во областа Мецовико-Вира.

— реклама —

Во леталото, кое припаѓало на приватна компанија, се наоѓале шест лица, вклучително и пилотот.

— реклама —

Причините за падот засега не се познати, а истрагата е во тек.

На местото на несреќата интервенирале кантоналната полиција, истражители од федералните служби, како и пожарникарски и спасувачки екипи од регионот, кои работат на утврдување на околностите под кои дошло до инцидентот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarynpd6tdm0jibgdyErk1z

Татко и малолетен син пронајдени мртви во Ватвил, полицијата се сомнева во убиство и самоубиство

Свет | пред 3 дена

— реклама —
DSC_3607

69 отсто од Швајцарците поддржуваат забрана на огнометите

Свет | пред 2 седмици

media-libraryg6heeiv3c1euapt6CY7

Сушата ги откри тајните на Римската империја: Археолозите пронајдоа непознати градби во Швајцарија

Свет | пред 1 месец

Svajcarija

Швајцарија воведува данок од најмалку 2.000 франци за работници од ЕУ

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања