Промени тема
Контакт

Хеликоптерот со ерменскиот премиер мораше принудно да слета

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Свет
Screenshot-2024-05-25-at-10.58.18

Ерменскиот премиер Никол Пашинјан денеска соопшти дека хеликоптерот што го превезувал принудно слетал поради лошите временски услови и за среќа инцидентот не предизвикал жртви.

„Се е во ред. Поради лошите временски услови, нашиот хеликоптер непланирано слета во Ванадзор. Сега го продолжуваме патувањето со автомобил“, објави ерменскиот премиер на Фејсбук.

— реклама —

Ванадзор, на северот од оваа кавкаска земја, се наоѓа во долина опкружена со планини.

Пашинјан моментално се соочува со предизвик дома поради неодамнешното отстапување на четири погранични села на Азербејџан, како и победата на Баку во последните две војни за контрола на енклавата Нагорно-Карабах, во 2020 и 2023 година.

— реклама —

Во мај, хеликоптерска несреќа во планинските области и тешките временски услови го однесоа животот на иранскиот претседател Ебрахим Раиси, кој леташе над северозападниот дел на Иран.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryvlcovd7qrkhh8btbTjp

Путин до Ерменија: Не тргнувајте по украинскиот пат

Свет | пред 3 месеци

Screenshot-2025-06-24-at-09.17.14

Трамп најави „историски“ мировен договор меѓу Ерменија и Азербејџан

Свет | пред 1 година

nato-zastava

Ерменија: Немаме намера да влеземе во НАТО

Свет | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања