Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Холандија со најкратка, Грција со најдолга работна недела во ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Свет
business-people-meeting-in-office-top-view-2021-08-26-16-33-05-utc-scaled-1

Работниците во Европската Унија во 2025 година во просек работеле 35,9 часа неделно, што е за еден час помалку во споредба со 2015 година, кога просечната работна недела изнесувала 36,9 часа, покажуваат податоците на Евростат.

— реклама —

Според европската статистичка агенција, најдолга работна недела имале граѓаните на Грција со просек од 39,6 часа. По неа следуваат Бугарија и Полска со по 38,7 часа, како и Литванија со 38,4 часа неделно.

— реклама —

Од друга страна, најкратка работна недела е регистрирана во Холандија, каде што просекот изнесува 31,9 часа. По неа се Данска и Германија со по 33,9 часа, како и Австрија со 34 часа неделно.

Податоците се однесуваат на работници на возраст од 20 до 64 години, кои работат со полно или скратено работно време.

— реклама —

Евростат наведува дека најдолги работни недели имаат квалификуваните работници во земјоделството, шумарството и рибарството, со просек од 42 работни часа неделно. Менаџерите работеле во просек 40,6 часа, додека вработените во вооружените сили имале просечна работна недела од 39,4 часа.

— реклама —

Најкратка работна недела, пак, е забележана кај елементарните занимања со 31,8 часа, помошните работници со 34 часа и услужните и продажните работници со 34,5 часа неделно.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gradeznistvo-1024x448

Становите во Европа стануваат сè понедостапни: Цените растат побрзо од платите

Свет | пред 3 дена

— реклама —
grozje-1-500x330-1

ЕУ повторно размислува за укинување на забраната за шест американски сорти грозје

Свет | пред 4 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Малопродажбата во ЕУ во пад, Германија бележи најголемо намалување

Свет | пред 6 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

ЕУ во јануари ќе разгледува нови мерки против Грузија поради влошувањето на демократските стандарди

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања