„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Холандија во фокус на 14 издание на „Здраво Млади”

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Магазин
Landscape

Во рамките на овогодишното, 14 издание на фестивалот на нова музика „Здраво Млади” кој ќе се одржи на 11 октомври во МКЦ, публиката ќе има можност да проследи сеопфатна и богата културна програма која ќе биде реализирана како соработка на Младинскиот културен центар Скопје и Холандската амбасада.

— реклама —

Програмата која има за цел да ја промовира и слави холандската култура, ќе овозможи увид во современата холандска сцена, со разновидна понуда од уметнички активности.

Во рамки на музичката програма, публиката ќе има можност да погледне плејада на млади холандски музички групи и артисти кои со себе носат современ и моќен европски звук. Во МКЦ, ќе настапат иновативните “VELOCITY MADE GOOD”, експлозивното трио “HOUSEPAINTERS”, интензивното нојз трио "TEXOPRINT", андерграунд дарк- поп сензацијата "SØWT", кантавторката "EERIE WANDA", како и диџеј сет на независниот промотер, агент и менаџер на издавачката куќа "YUGOFUTURISM", Кун Хегде или диџеј “VIKENDICA”.

— реклама —

Во соработка со Кинотеката на РС Македонија и „Eye Filmmuseum“ од Амстердам, публиката ќе има можност да проследи неколку архивски филмови кои се дел од фондот на реномираниот филмски музеј, а се патеписи од Балканот, Македонија и Скопје во периодот од 1912 – 1930 година.

На еден од надворешните ѕидови од институцијата, ќе биде нацртан мурал од страна на еден од најпознатите ротердамски артисти, Јорен Јошуа, чија специјалност се духовити и апсурдни илустрации од секојдневниот живот. Предвидена е и специјална работилница за урбана уметност и графити карактери со ХРОМ, НЕЈМ и ФЛИМ, потоа мини саем на холандска литература и вкусување на автентична холандска храна.

Фестивалот е закажан за 11 октомври. Музичката програма на фестивалот започнува во 19 часот, додека останатите активности ќе се одвиваат во текот на целиот ден. Влезот е слободен.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Општина Центар отстапи простор за уметниците избркани од МКЦ

Скопје | пред 1 година

mkc1

Бени Шаќири отпуштил 30 хонорарци, „Еквалис“: Ова е упад во нашата слобода

Скопје | пред 1 година

mkc1

Во недела музички собир во одбрана на МКЦ

Скопје | пред 2 години

20220915120831

Арсовска го разреши директорот на МКЦ

Скопје | пред 2 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања