Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

За два дена изречени 1.415 казни во сообраќајот, најмногу за брзо возење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-library0470efltiilk5YWiior
ФБ

Полициските службеници изминатиот викенд изрекле 1.415 санкции за сообраќајни прекршоци во рамки на засилените контроли спроведени на патиштата низ државата. Најголем дел од прекршоците се однесуваат на непочитување на пропишаната брзина на движење.

— реклама —

Според Министерството за внатрешни работи, во периодот од 18 до 19 јули биле евидентирани 298 прекршоци за брзо возење. Воедно, поради безобѕирно управување со моторно возило од слобода биле лишени 58 лица, од кои седум управувале под дејство на алкохол, а 28 возеле без возачка дозвола.

Во текот на викендот биле одземени и 23 возила согласно член 300-б од Кривичниот законик.

— реклама —

Полициската статистика покажува и 199 прекршоци за неправилно паркирање, како и 47 санкции за управување возило под дејство на алкохол.

— реклама —

Покрај тоа, санкционирани биле 125 мотоциклисти поради неносење заштитен шлем, како и 183 учесници во сообраќајот кои не користеле сигурносен појас.

Согласно Законот за возила, од сообраќај биле отстранети 18 нерегистрирани возила и 12 возила поради техничка неисправност. Санкционирани биле и тројца возачи кои не ги исполнувале законските услови во однос на затемнувањето на стаклата на возилата.

— реклама —

Од МВР најавуваат дека засилените сообраќајни контроли ќе продолжат и во наредниот период, упатувајќи апел до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите со цел зголемување на безбедноста на патиштата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryb84o1iapvvk51d1I1Yi

Напади врз сопруги, деца и членови на семејството: Десет пријави за семејно насилство

Македонија | пред 16 часа

— реклама —
media-libraryp3s5jsmgm8jg0VTruJD

Лажни пораки во име на „Безбеден град“ за казни, МВР открива како да ги препознаете

Македонија | пред 16 часа

media-librarytgu6ftghk9oa3gosXEJ

Народната банка спровела четири нивоа на проверки пред давањето согласност за преземањето на Стопанска банка АД Битола од страна на Алта банка од Србија, тврди Славески

Македонија | пред 17 часа

media-libraryl83rfetao1pedcgre47

Шест возачи приведени за безобѕирно управување со возило, четворица немале возачка дозвола

Македонија | пред 17 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања