Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

„За две години пензиите се зголемени за 325% повеќе во споредба со владата на СДСМ и ДУИ“, рече Мицкоски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
media-library2o86lvae3r1g2Jxg4al

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција рече дека растот на пензиите во изминатите две години е значително поголем во споредба со периодот на владеење на СДСМ и ДУИ, посочувајќи дека просечното месечно зголемување е 3,25 пати повисоко.

— реклама —

Одговарајќи на прашање при посетата на Општина Прилеп, Мицкоски направи споредба на растот на просечната старосна пензија во двата периоди. Според неговите податоци, во првите 24-25 месеци од актуелната влада пензијата просечно месечно се зголемувала за 296 денари, додека во претходната влада, во период од 83 месеци, просечното месечно зголемување изнесувало 91 денар.

— реклама —

„Кога ќе се споредат овие два параметра, доаѓаме до 3,25 пати повеќе сега отколку во времето на владата на СДСМ и ДУИ, или тоа е математички прецизно 325 проценти“, рече Мицкоски.

Тој направи и дополнителна споредба на првите 25-26 месеци од двете влади. Според него, од јуни 2017 до јуни-јули 2019 година просечната старосна пензија се зголемила за 540 денари, додека во првите 25-26 месеци од актуелната влада зголемувањето било за повеќе од 6.800 денари.

— реклама —

„Математички прецизно, тоа е повеќе од 12,5 пати. Таа е разликата“, нагласи премиерот.

— реклама —

Мицкоски оцени дека опозицијата треба да ја прифати, како што рече, реалноста и да излезе од безидејноста, додека Владата ќе продолжи со реализација на проекти и реформи низ државата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryo7fgjuaqlunp7cuAiJc

„Поради егзибициите и антидржавната политика на претходната влада, ние сега имаме политички услов, а тоа се уставните измени“, вели Мицкоски

Македонија | пред 1 ден

media-library1lgv8bt7laoteEGiKXU

Мицкоски: Европската комисија потврди - нема назадување, туку напредок, овој извештај е подобар од ланскиот

Македонија | пред 2 дена

media-libraryjf7ts1ro88ot4DU0bAt

Евроамбасадорот Рокас денеска му го предава извештајот на ЕК на Мицкоски

Македонија | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања