За време на претседателот Мицкоски во ЕЛЕМ, струјата беше намалена, а претпријатието оставено со позитивно салдо, вели ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
elem

„Чиста лага и извртување на факти е да се вели дека струјата е покачена за 100% во време на претседателот Мицкоски во ЕЛЕМ. Откако претседателот е именуван за советник во владата за енергетика, во Април/2015 година, па се до неговото разрешување како генерален директор на ЕЛЕМ во Август/2017 година, струјата за граѓаните поевтинува од 4,47 ден/kwh на 4,45 ден/kwh или околу 0,5%. Ова се факти од кои антимакедонската СДС не може да избега“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Тие додаваат:

За разлика од времето кога претседателот Мицкоски го водеше ЕЛЕМ, сега цената на струјата заклучно со Јуни/2022 година граѓаните е 5,87 ден/kwh или за околу 32% поскапа струја од времето кога тој беше директор на ЕЛЕМ, после последното поскапување од 1-ви јули оваа година, граѓаните плаќаат за повеќе од 50% поскапа струја, а стопанството, поточно компаниите за 400% поскапа струја.

— реклама —

За разлика од сега, кога ЕЛЕМ има негативно салдо и владата дотура пари во истото за да може да функционира, претседателот Мицкоски го остави претпријатието со полна каса, цели 30 милиони евра, од кои 25 милиони евра депозити, 5 милиони евра пари на сметка и нула долгови. Во 2020 година ЕЛЕМ денешно ЕСМ бележи загуба од 16,7 милиони евра, а загубата во 2021 година достигнува фантастични 28 милиони евра.

Претседателот Мицкоски е пример дека со домаќинско работење цената на струјата може да се намали, и ЕЛЕМ да има позитивно салдо.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања