Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Зајкова: Репреговарање не верувам дека ќе има, но да најдеме заеднички јазик како ќе ги премостиме работите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
IMG_4895

Претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова, во денешното гостување на емисијата „Дејли Клик“ на ТВ21 нагласи дека чекаат Владата да даде јасен план во однос на најавеното репреговарање за Дoговорот за добрососедство со Бугарија.

„Очекувам Владата да има јасен план за процесот со Бугарија, а уште еднаш ќе укажам дека ЛДП стои на располагање да даде свој придонес. Репреговарање не верувам дека ќе има, но да најдеме заеднички јазик како ќе ги премостиме работите.“, изјави Зајкова.

— реклама —

Претседателката на ЛДП нагласи дека времето ќе покаже дали наративите од изборната кампања биле вистинити или не и дали Македонија ќе обезбеди национален консензус за да оди напред кон ЕУ.

— реклама —

„Сметам дека Договорот од Преспа е прашање кое не треба повторно да се отвора, затоа што тоа прашање е затворено и тоа е веќе реалност, што го слушаме и од новата власт. Сега ги користиме бенефитите од таа тешка одлука која ја донесе тој парламентарен состав“, изјави Зајкова.

Во однос на шпекулациите при формирањето на новата Влада за приклучувањето на ЛДП во составот, таа рече дека и тогаш ги демантирале тие информации.

— реклама —

„Секогаш сме комуницирале со сите лидери на политички партии, затоа што Македонија мора да се држи до ниво на културен политички дијалог“, изјави Зајкова.

— реклама —

Говорејќи за понатамошниот евроинтегративен пат на државата и дејствувањето на новата Влада во таа насока, Зајкова рече, земајќи ги предвид изјавите на новите функционери, дека е оптимист дека ќе се надминат блокадите и дека државата ќе ги отпочне преговорите по поглавја.

Таа заклучи дека ЛДП останува цврсто на своите заложби, а тоа е полноправно членство во Европската унија и реформи во образованието и правосудниот систем и нуди поддршка за спроведување на истите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryq36fs6l2rtj53XL21vC

Претседателката на ЛДП, Моника Зајкова, избрана за потпретседателка на Парламентарното собрание на ОБСЕ

Македонија | пред 4 дена

media-library2n3cmkcgrktsfEt9R0h

„Наместо професионализација на високата раководна служба, добивме регулирана владина “департизација”“, вели Зајкова

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryfufruf5tvcla5nW8LLJ

„Владејачкото мнозинство наместо за граѓаните, повторно реши да одработи за банките“, вели Зајкова

Македонија | пред 2 седмици

media-library8176s0r09p9teqSWU4B

„Доста со „шурење“ на граѓаните – во државава мора да има социјална одговорност“, вели Зајкова

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања