Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Законот за правична застапеност става крај на децениската политичка измама, вели ВЛЕН

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-libraryhb04ksaevr2232Vspet

Новиот закон за правична и соодветна застапеност е најјасен доказ дека нешто што повеќе од две децении се користеше како слоган, алиби и алатка за политичка уцена, сега конечно станува законски, мерлив и применлив стандард, соопштија денеска од владината коалиција ВЛЕН.

— реклама —

Од коалицијата наведуваат дека со овој закон еднаш засекогаш се затвора едно од најголемите поглавја на политичка измама кон Албанците – прашањето за правична и соодветна застапеност. Според нив, законот наскоро се очекува да влезе во собраниска процедура, при што ги повикуваат сите пратеници, без исклучок, да постапат одговорно и во јавен интерес.

„Ова не е партиски закон, туку закон за еднаквост, закон за правда и закон за европската иднина на земјата“, порачуваат од ВЛЕН.

— реклама —

Како што посочуваат, фактите се неспорни и јасно укажуваат дека Венецијанската комисија, како највисок европски орган за уставни и правни прашања, дала позитивно мислење за законското решение. Според ВЛЕН, ова директно ја разоткрива пропагандата на Демократската унија за интеграција, која со години зборувала за застапеност, но никогаш немала храброст, волја и политичка чесност тоа прашање да го регулира со закон.

„ВЛЕН го направи она што другите само го ветуваа. Правичната застапеност се трансформира во правен механизам што гарантира еднаквост, транспарентност и правда за сите граѓани, без оглед на нивната припадност и без партиски посредници“, велат од коалицијата.

Со усвојувањето на овој закон, како што додаваат од ВЛЕН, се затвора клучната алка од Охридскиот рамковен договор. За првпат, правичната застапеност повеќе нема да зависи од политичката волја на владите, партиските пазарења или изборните манипулации, туку ќе биде уредена со јасен, обврзувачки и надгледлив законски механизам.

Вицепремиерот за добро владеење Арбен Фетаи на 12 декември годинава информираше дека предлог-законот добил позитивна оценка од Венецијанската комисија, со што се потврдува дека решението е во целосна согласност со европските стандарди и демократските вредности. Предлог-законот беше усвоен од Владата во јуни, а пред да влезе во собраниска процедура беше доставен на оценување до Венецијанската комисија. Со него треба да се замени алатката „балансер“ за вработување во јавните институции, која Уставниот суд ја укина во октомври минатата година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarynb0ahvld7i3t4DeLCVW

Фотографијата од Тирана отвори нови тензии во ВЛЕН: Лимани објаснува, Касами најавува преиспитување

Македонија | пред 2 дена

media-library41br1gou1qek5Gy9cIO

ВЛЕН бара објаснување од министерот Лимани за фотографијата со Али Ахмети и Арбен Таравари

Македонија | пред 3 дена

grubi-41

Вреди: Кој во ДУИ бара од Груби да го почитува мафијашкиот код “омертаʼ” за молчење и несоработка со институциите

Македонија | пред 2 седмици

media-librarycok8bf9cdfd90dueSOW

ВЛЕН: Стариот лисец Ахмети од вчера стана ранет играч кој чека политичка егзекуција од поранешниот најблизок соработник

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања