Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Западнонилската треска се шири: Жртви во Македонија, Италија и Грција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD
unsplash

Во Италија од почетокот на годината до 12 август се регистрирани 226 случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, од кои седум завршиле со смртен исход, објави италијанскиот Национален институт за здравство.

— реклама —

Вирусот е регистриран во 55 региони, а најголем број случаи има во Венето, Пиемонт, Лацио и Ломбардија, како и во градовите Падова, Милано, Рим и Кремона.

— реклама —

Од вкупниот број заразени, 102 случаи се манифестирале во невроинвазивна форма, додека кај 38 дарители на крв вирусот бил откриен без присуство на симптоми.

Во меѓувреме, првиот смртен случај од вирусот Западен Нил е регистриран и во Македонија. Станува збор за 83-годишен маж од Скопје, кој бил лекуван на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.

— реклама —

Според Институтот за јавно здравје, кај пациентот симптомите започнале на 2 август со треска, главоболка, општа слабост, болки во зглобовите и мускулите, вкочанетост на вратот и нарушена свест.

— реклама —

Кај него бил дијагностициран менингитис, а пациентот имал и други хронични заболувања. Присуството на вирусот Западен Нил било потврдено со серолошко испитување на цереброспиналната течност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library9g7kmr1cetu3eRXzKB2

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви се искачи на 12

Македонија | пред 3 седмици

— реклама —
media-libraryc4mkpcsuh8pr0ErJgZD

Западнонилската треска се шири кон северот на Европа, пријавени 1.715 случаи

Свет | пред 3 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште еден починат од западнонилска треска, бројот на жртви во земјава се искачи на 11

Македонија | пред 4 седмици

media-libraryn5t4ue1ff0oa1fzyL6m

Уште една жртва на западнонилска треска

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања