Промени тема
Контакт

Запрен извозот на руски гас во Европа: „Ова е историски ден!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
gasovod-rusja-x-epa

Извозот на руски природен гас во Европа, преку цевководи од советската ера што минуваат низ Украина, беше прекинат во раните утрински часови на новата година, бидејќи истече договорот за транзит, a завојуваните Москва и Киев не постигнаа договор за продолжување на протокот.

Рускиот енергетски гигант Газпром во средата соопшти дека извозот на гас преку Украина во Европа е прекинат во 8 часот по московско време, бидејќи договорот за транзит истекол. Тие знаеја дека гасот од руските наоѓалишта повеќе нема да тече во Централна Европа преку гасоводот Јамал по 60 години повеќе или помалку непречено снабдување.

Пред агресијата, ЕУ увезуваше 40 отсто од вкупните потреби за гас од Русија, но сега уделот падна на осум отсто, со тренд на опаѓање. Украина во средата соопшти дека транзитот на руски природен гас низ нејзина територија е суспендиран од 7 часот наутро по локално време, поради „националната безбедност“.

— реклама —

„Го запревме транзитот на руски гас. Ова е историски настан“, изјави министерот за енергетика Герман Галушченко.

Соопштението на киевското Министерство за енергетика уследи по истекот на петгодишниот договор меѓу Гаспром и украински Нафтогас.

— реклама —

„Русија ги губи своите пазари, ќе претрпи финансиски загуби. Европа веќе донесе одлука да се откаже од рускиот гас“, додаде тој.

— реклама —

Затворањето на најстарата руска рута за гас за Европа стави крај на една деценија на тензични односи предизвикани од нелегалното заземање на Крим од страна на Русија во 2014 година. Украина престана да купува руски гас следната година. Запирањето на протокот на гас се очекуваше поради војната, која започна во февруари 2022 година со инвазијата на Москва на Украина.

Украина беше категорична дека нема да го продолжи договорот. Транзитот на гас преку Украина сочинуваше приближно половина од вкупниот извоз на гас на Русија преку цевководи до Европа. Русија сè уште извезува гас преку гасоводот Турски тек на дното на Црното Море. Турски тек има две линии - едната за турскиот пазар, а другата за снабдување на потрошувачите во Централна Европа, вклучувајќи ги Унгарија и Србија.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryabpnnkvkudne1DUDhMZ

Москва пријави илјадници сајбер-напади за време на парламентарните избори

Свет | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryal7tn11j3fht2MfVpaw

Расте загриженоста во Европа од можни руски напади врз НАТО: Се спомнуваат дронови, проектили и саботажи

Свет | пред 10 часа

media-libraryh6lpk7rjt4rkenrhsf3

Фицо: Некои западни политичари сакаат да предизвикаат војна меѓу Русија и НАТО

Свет | пред 20 часа

media-libraryh66i1s7p14t40xNVJYV

Поранешна членка на Pussy Riot: ФСБ ме уценуваше да шпионирам активисти и да намамам човек во Србија

Свет | пред 20 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања