Промени тема
Контакт

Засилени контроли на Охридското Езеро: Нерегулираните пловила ќе бидат задржани

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Охрид
media-library95o7sr793gqv7DnX2SO
ФБ

Царинската управа најави дека во наредниот период ќе спроведува засилени теренски контроли на пловните објекти што се користат на Охридското Езеро, со цел проверка на нивниот царински статус и почитувањето на законските обврски.

— реклама —

Контролите ќе ги спроведува Одделението за оперативни работи при Секторот за контрола и истраги, а од Царинската управа ги повикаа сите сопственици и корисници на пловила кај кои не е спроведена соодветна царинска постапка, навреме да го регулираат нивниот статус.

— реклама —

Оттаму предупредуваат дека сите пловни објекти кај кои ќе биде утврден нерегулиран царински статус ќе бидат предмет на законска постапка. Во такви случаи ќе се преземаат мерки за утврдување на царинските обврски, како и привремено задржување на пловилата до нивно целосно исполнување.

Предмет на контрола ќе бидат и пловните објекти во сопственост на нерезиденти кои престојуваат во земјава со дозвола за привремен увоз. По истекот на дозволениот рок тие мора да го напуштат царинското подрачје или за нив да биде спроведена соодветна царинска постапка.

— реклама —

Дополнително ќе се проверува и дали пловилата ги управуваат лица кои согласно закон имаат право да го сторат тоа.

Од Царинската управа истакнуваат дека контролите се дел од редовните активности за обезбедување доследна примена на царинските прописи и ги повикуваат домашните и странските државјани навремено да го усогласат статусот на своите пловни објекти со важечката законска регулатива.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarypti1dbos44h6dXazp7a

Охридското Езеро и натаму се повлекува

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
ohridskoezeromart

17 години од трагедијата во Охридското Езеро: 15 туристи ги загубија животите при потонувањето на бродот „Илинден“

Македонија | пред 1 месец

ohridsko-ezero

Светот се вљуби во Охрид: „Time Out“ го прогласи Охридското Езеро за најубаво место во Европа

Вирално | пред 1 месец

ohridsko-ezero

Охридското Езеро прогласено за најубавото место во Европа од „Time Out“

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања