Промени тема
Контакт

Затаил данок од над осум милиони денари, Финансиската полиција поднесе кривична пријава

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Управата за финансиска полиција поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство Струга против едно физичко лице и едно правно лице поради сомнение за сторено кривично дело „даночно затајување“.

Според соопштението, првопријавениот С.З., во својство на сопственик и управител на пријавеното правно лице, е осомничен дека со намера да стекне противправна имотна корист за себе и за компанијата, неосновано присвоил трговска стока евидентирана како залиха, чија вредност изнесувала 26.085.138 денари.

— реклама —

Од Финансиската полиција наведуваат дека при тоа не биле пресметани, пријавени и платени обврските за данок на додадена вредност по стапки од 18 и 5 проценти, како и данок на личен доход, со што биле избегнати даночни обврски во повеќемилионски износи.

Во пријавата се наведува и дека осомничениот не ги евидентирал како приход застарените и ненамирени обврски во износ од 8.120.980 денари, иако тие, согласно законските одредби, требало да бидат признаени како приход.

— реклама —

Дополнително, според Финансиската полиција, за 2025 година воопшто не бил поднесен даночен биланс, ниту бил пресметан, пријавен и платен данок на добивка во износ од 812.098 денари.

— реклама —

Со наведените дејствија, според Управата за финансиска полиција, пријавените не ги пресметале, не ги пријавиле и не ги уплатиле законски утврдените даночни обврски, со што Буџетот на Македонија бил оштетен за вкупно 8.070.791 денари.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

danok

Затаен данок од 4,5 милиони денари: Кривична пријава против сопственик на фирма од Струга

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Знаел дека на фирмата ѝ претстои стечај, па присвоил 10 возила и стока, а подигнал и 53,8 милиони денари

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryt3em8iremk9a7hu5swm

Фиктивни книжења и милионска даночна измама со нафта, буџетот оштетен за над 7,2 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

media-libraryjbkiv0kh7cad1b1MKtK

Турски државјанин и уште едно лице осомничени за даночно затајување од над 12 милиони денари

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања