Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец
Претрес: Како специјалец од ЕБР заглави сo дрога и оружје и што кријат пораките за групата од Грчец

Затворени улици и пренасочување на сообраќајот во Скопје за Водици

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Скопје
262886969_215755700709339_3424351090063217574_n

Поради одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, денеска (19 јануари 2026 година) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќај, соопшти Министерството за внатрешни работи.

— реклама —

Како што информираат од МВР, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за временo затворање на одредени сообраќајници, со цел непречено и безбедно одвивање на верските манифестации.

— реклама —

Во централното градско подрачје за сообраќај ќе биде затворена улицата „Филип Втори Македонски“, на потегот од крстосницата со булеварот „Гоце Делчев“ до крстосницата со улицата „11 Октомври“, и тоа во двете насоки.

— реклама —

Во општина Ѓорче Петров ќе бидат затворени повеќе сообраќајници, меѓу кои патниот правец од црквата „Свети Петар и Павле“, булеварот „Партизански одреди“ до улицата „Ѓорче Петров“, потоа улицата „Ѓорче Петров“ до улицата „Васил Чакаларов“, како и делницата од црквата „Свети Пантелејмон“ по улицата „Козле“, дел од улицата „Васил Чакаларов“ до железничкиот мост на реката Вардар.

Во општина Аеродром, за сообраќај ќе биде затворен и локалниот пат кој води кон населените места Горно и Долно Лисиче.

Од СВР Скопје апелираат до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите и насоките што ќе ги даваат униформираните полициски службеници, како и да го прилагодат движењето согласно воспоставениот режим.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryd87p22ebs5ul3cqxLxS

Храброст на дело: Даниел Раевски влезе во Вардар за Водици и спаси човечки живот

Скопје | пред 4 седмици

media-librarytjmd08mro50v1U0as0M

Драма на Водици во Скопје: Двајца учесници извлечени од Вардар откако почнале да се дават

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryica78707p4eu73909iU

(Фотогалерија) Осветени водите на Охридското Езеро и Црн Дрим, Водици одбележани со силна порака за заедништво

Македонија | пред 4 седмици

media-library4cvqgu9hq1gn9exLeLO

(Видео) Скопје го одбележа Водици: Дарко Митровиќ најбрз до светиот крст

Настани | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања