Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Завршени процедурите, започнува да се гради автопатот Скопје – Блаце, објави Касами

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 месеци -

Македонија
kasami896756

Градоначалникот на Тетово и еден од лидерите на ВЛЕН, Билал Касами, објави дека се завршени сите административни и бирократски процедури за почеток на изградбата на автопатот Скопје – Блаце.

— реклама —

Според него, со тоа е отворен патот за старт на градежните работи на една од најважните патни делници што треба да ги поврзе Македонија и Косово.

— реклама —

„Завршија сите бирократски процедури и се отвори патот за почеток на работите на автопатот Скопје – Блаце. Скопје и Приштина денес се поблиску од кога било“, напиша Касами.

Тој оцени дека завршило времето на, како што наведе, „стерилната демагогија“ и дека започнува период на реализација на проекти и развој.

— реклама —

„Времето на стерилната демагогија заврши. Албанците живеат епоха на работа, проекти и развој“, порача Касами во објавата.

— реклама —

Автопатот Скопје – Блаце е дел од Коридорот 6 и претставува една од клучните инфраструктурни врски меѓу Северна Македонија и Косово.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library8npnjna1v1bk8rveyYJ

Касами го поздрави политичкиот пресврт во Србија и повика на почитување на правата на малцинствата

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryjb3bq9qaeujocNLeoBT

Касами тврди дека има комуникација за вклучување на Албанската лига во Владата

Македонија | пред 1 месец

media-library2qbm5n2qmbm0aMKfCwj

Касами ќе оценува кој ќе си оди од Владата, иако Мицкоски му кажа дека тој одлучува

Македонија | пред 8 месеци

media-libraryv95ideruoi495n38NNL

(Видео) Филков: Кога ќе биде Касами премиер тогаш ќе кажува кој ќе биде министер, а кој не

Македонија | пред 8 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања