Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

„Зелен хуман град“: Кризата со нафта има решение на две тркала

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Македонија
media-librarycmd35srftupfcOSyDKq

„Зелен хуман град“ вели дека поскапувањето на горивата, поттикнато и од кризата на Блискиот Исток и затворањето на Ормутскиот теснец, ја нагласува потребата од поодржлив урбан транспорт. Велосипедот го посочуваат како евтина и еколошка алтернатива што намалува трошоци, загадување и зависност од фосилни горива. Иницијативата бара велосипедски патеки/ленти на секои 250 м, најмалку 15% буџет за пешачка и 15% за велосипедска инфраструктура и проширување на вело-мрежата во Скопје од 144 на 300 км, со вело-пријателски крстосници, конектори и повеќе зеленило. Велосипедизмот, велат, ги намалува CO₂ емисиите и носи здравствени придобивки, а повикуваат и на поголемо користење обновлива енергија за помала увозна зависност.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ смета дека поскапувањето на горивата повторно ја отвора потребата од поодржливи решенија во урбаниот транспорт. Оттаму посочуваат дека велосипедот може да биде едноставна и еколошка алтернатива за движење низ градовите, со што би се намалиле трошоците на граѓаните, загадувањето и зависноста од фосилни горива.

Војната на Блискиот Исток која ескалираше и доведе до затварање на Ормутскиот теснец од каде што поминува околу 20% од светската нафта директно ја почувствувавме и во Македонија кога преку ноќ цената на дизелот се покачи за 14.5 денари а на бензите за 5 денари по литар што, очекувано, доведе до редици на бензинските пумпи за граѓаните да заштедат некој денар на гориво.

Но што доколку постои лесен и едноставен начин за транспорт низ урбаните делови на државава кој не само што овозможува заштеда на средства од семејниот буџет туку и заштитување на животната средина и на планетата Земја како и на воведување на пропратна физичка активност во секојдневниот живот? Па имате среќа, таков начин за транспорт постои и се нарекува велосипед.

ЗХГ се залага за изградба на велосипедски патеки и ленти на секои 250 метри, како и праведна распределба на буџетот со најмалку 15% за пешачка и 15% за велосипедска инфраструктура и проширување на вело-мрежата од околу 144 на најмалку 300 километри, со вело-пријателски крстосници, конектори низ населбите и повеќе зеленило. Со ова Скопје би станал еден од највело-пријателските градови на Балканот.

Транспортот со велосипед се смета за еден од најефикасните и најеколошки начини на движење, бидејќи создава значително помалку CO₂ емисии во споредба со моторните возила. Наместо гориво, велосипедот користи човечка енергија, што директно придонесува за намалување на загадувањето и заштита на животната средина.

Возењето велосипед не е корисно само за животната средина, туку и за нашето здравје. Велосипедизмот придонесува за подобрување на кардиоваскуларното здравје, зајакнување на мускулите и подобрување на општата физичка кондиција. Истовремено, секојдневното движење со велосипед помага во намалување на стресот, подобрување на расположението и одржување на здрава телесна тежина.

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД со години наназад, во континуитет, предлага мерки со цел максимизирање на потенцијалите за обновлива енергија, кои Македонија ги има во изобилие токму за во вакви ситуација на геополитички превирања да не бидеме како држава увозно зависни од соседите и „нашите стратешки партнери“ за основните потреби за живот“, велат од Зелен хуман град.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycma053l5hfjl5jHEYKp

„ЗХГ“ против нов рудник кај Крстов Дол: Македонските власти се заинтересирани само за отварање на нови еколошки жаришта

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
media-library9bc5q16f7iqf0Od0VvN

Дали некоја институција ќе го стави под контрола пожарот на депонијата во Арачиново, прашуваат од Зелен хуман град

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryq1be6jro4sn56MB9CYR

Зелен хуман град: Во дворот на МВР нелегално се сечат дрвја

Скопје | пред 3 седмици

media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Веднаш да се активира Безбеден град за на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје, велат од ЗХГ

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања