Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...
„Претрес“ на Богдан Илиевски: 27 април, амнестијата, ВМРО, Алфа, пропагандата, Груевски...

„ЗХГ“ против нов рудник кај Крстов Дол: Македонските власти се заинтересирани само за отварање на нови еколошки жаришта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 дена -

Скопје
media-librarycma053l5hfjl5jHEYKp

„Зелен хуман град“ предупредува дека најавите за обновување на рударење во Крстов Дол носат сериозни еколошки и здравствени ризици, наместо санација на старите загадувања. Според нив, јаловината од рудникот и по 50 години загадува со арсен, антимон и талиум, со тешки последици по здравјето. Тие посочуваат ризик од ново акумулирање на антимон во почвата и синџирот на исхрана, прашина при ископ и опасност од хидројаловински брани. Наведуваат дека има три брани, две во критична состојба, со можни истекувања при дождови и поплави, а антимонот во водата достигнува до 5 пати над препораките на СЗО.

Текстот е автоматски генериран со помош на вештачка интелигенција

Од граѓанската иницијатива „Зелен хуман град“ обвинуваат дека најавите за можно обновување на рударските активности во Крстов Дол отвораат сериозни еколошки и здравствени ризици. Според нив, наместо санација на постојните загадувања, се туркаат нови проекти што би можеле дополнително да ја влошат состојбата со тешки метали и безбедноста на животната средина.

„ВМРО повторно во рударска мисија. Малку е што сме втора најзагадена земја во Европа па Мицкоски поданички сака да дозволи ново труење во име на ,,стратешки дијалог". Мицкоски сака да дозволи на американска компанија да ископува антимон во стариот рудник Крстов Дол, каде што во 60-тите и 70-тите години од минатиот век се копало и преработувало антимон.

За жал, македонските власти се заинтересирани само за отварање на нови еколошки жаришта, додека старите не се санирани и сè повеќе се деградираат и нè трујат. Имено, рудникот Крстов Дол иако не работи повеќе од 50 години, јаловината од поранешната експлоатација и понатаму е извор на загадување на површинските води. Главни загадувачи се арсен (As), антимон (Sb) и талиум (Tl).

Краткорочната изложеност на висока концентрација на овие токсични елементи може да предизвика гадење, повраќање, дијареа, силна абдоминална болка, срцеви аритмии и во екстремни случаи смрт. Додека последиците од долгорочна изложеност на ова еколошко жариште се рак на кожа, бели дробови или мочен меур; кожни промени (потемнување, задебелување); оштетување на нерви (трнење, слабост), кардиоваскуларни болести или дијабетес тип 2.

Сите овие опасности веќе нè демнат од јаловината на стариот рудник, но ако се дозволи ново ископување на антимон ќе има акумулирање во почвата од каде што растенијата може да го апсорбираат и ќе влезе во синџирот на исхрана. Последиците од ова би биле намалена плодност и потенцијално токсична храна. При ископ и дробење на антимон се создава фина прашина што ако се вдише може да предизвика разни здравствени последици на белите дробови.

Како производ на ископувањето на антимон ако се користи флотација се создаваат огромни количества на отпад хидројаловина што се складира во брани. Ако браната за хидројаловина протече или пукне може да дојде до катастрофа! Низ светот има примери од огромен број на уништени екосистеми од рудници и тоа најчесто се случува во корумпирани/сиромашни земји како нашата.

Според извештај кај Крстов Дол веќе има три брани со хидројаловина од кои две во критична состојба. Браната со хидројаловина 1 е опишана како близу до флотациската постројка и е веќе натрупана над нејзиниот насип, поради што може да се прелее при обилни дождови. Браната со хидројаловина 3 се наоѓа покрај речната рамнина каде што, доколку се појават поплави, јаловинските материјали лесно се измиваат. Во извештајот се вели дека е „критично“ трите брани со хидројаловина да почнат да истекуваат кон долниот тек доколку дојде до обилни дождови.

Според истиот извештај поради рударските операции во Крстов Дол има зголемено ниво на тешки метали во водата, при што Sb (антимон) достигнува пет пати поголема вредност од препорачаната од СЗО кај вдлабнатините и под браната за јаловина“, стои во објавата.

— реклама —
— реклама —
— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library9bc5q16f7iqf0Od0VvN

Дали некоја институција ќе го стави под контрола пожарот на депонијата во Арачиново, прашуваат од Зелен хуман град

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-libraryq1be6jro4sn56MB9CYR

Зелен хуман град: Во дворот на МВР нелегално се сечат дрвја

Скопје | пред 3 седмици

media-librarycmd35srftupfcOSyDKq

„Зелен хуман град“: Кризата со нафта има решение на две тркала

Македонија | пред 1 месец

media-library6efq0kjcbkvhb5r16Wx

Веднаш да се активира Безбеден град за на наоѓање на сторителите што истураат кучиња во Скопје, велат од ЗХГ

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања