„Зелен хуман град“ почна да собира потписи за формирање партија и излез на избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
ZHM

Изборната трка започнува и за „Зелен хуман град“ – граѓанското движење почна да собира потписи за формирање политичка партија, што е услов за учество на претстојните избори. Од ЗХГ велат дека партијата ќе биде само средство, а нивната мисија – борба за зеленило, транспарентност и јавен интерес – останува иста. Во продолжение нивниот повик до граѓаните:

— реклама —

ПОТПИШИ СЕ ЗА ЗХГ ДЕНЕС!

— реклама —

Драги луѓе, ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД го почнува процесот на собирање 1.000 потписи за да основаме партија. Роковите се кратки, а принудени сме да формираме партија и да собереме потписи според строги законски правила за да имаме право да се кандидираме на избори и да продолжиме да се бориме. За воздух, за зеленило, за јавен интерес. За Скопје, какво што заслужуваме!

— реклама —

ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД ја формира првата партија во Македонија која во срцето на својата политичка агенда ги позиционира социјалната правда, заштитата на животните и животната средина. ЗХГ е воедно и првата партија во историјата на Македонија што ја основаат долгогодишни волонтери, а не спонзори.

Ја основаат луѓе што со години во континуитет ги вложуваат своето знаење, време, енергија, како и финансии, за да создадат здраво и функционално општество за сите – и за луѓето и за животните. Иако сме принудени да ја основаме партијата само за да имаме право да се кандидираме на избори – нашето делување останува идентично како и до сега – хоризонтално, со директна демократија и активизам, отворено за секој што ги дели нашите вредности.

ЗАПОЧНИ СО ПРОЦЕСОТ ТУКА: https://zhg.mk/potpisi/

Тие 30-тина минути што ќе ги одвоиш во наредните 10 дена, ќе значат дека наредните 4 години ЗХГ ќе продолжи да се бори за тебе. Ќе продолжи да носи зеленило, транспаретност, дигитализација, борба за заштита на животните и борба против луда урбанизација.

Партијата е само алатка – борбата продолжува. ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД останува она што отсекогаш бил – заедница на луѓе што се грижат. За градот. За луѓето. За животните. За иднината. Нема шефови. Нема скриени спонзори. Само луѓе. Како тебе. Како нас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr88737eo7sl07CQrx3O

ЗХГ: БРТ не смее да ги уништи „белите дробови“ на Скопје и да го доведе во ризик водоснабдувањето од Рашче

Скопје | пред 3 дена

media-library9d1221373vnl9jipQTa

ЗХГ: Советот на Град Скопје дозволи наплата на паркинг во дивоградба што во Катастар се води како деловен простор

Скопје | пред 5 дена

media-libraryijho06ujh12f5qQZQWx

ЗХГ предупредува: Советот не смее да гласа милиони без јасен проект за „Цветан Димов“

Скопје | пред 1 седмица

FB-ZHG

Зелен хуман град ја откажа промоцијата на кандидатката за градоначалник на Скопје

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања