Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Зеленски ги отфрли критиките на Трамп за нападите врз руската нафтена индустрија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-library67u1l8gcbbcvdhCdzPx
Фото: Фејсбук/Володимир Зеленський

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги отфрли критиките на американскиот претседател Доналд Трамп за украинските напади врз руската нафтена индустрија, во пресрет на најавената средба на двајцата лидери во Њујорк.

„Украинскиот енергетски сектор, критичната инфраструктура и нашиот извоз на храна мора да престанат да бидат цели на Русија, што од наша страна ќе доведе до соодветни чекори за деескалација“, напиша Зеленски на платформата „Икс“, одговарајќи на објава на Трамп на неговата платформа „Truth Social“.

— реклама —
— реклама —

Трамп претходно напиша дека Русија „за жал ја изгубила контролата врз својата индустрија за производство на дизел-гориво“. Тој посочи дека голем дел од руските рафинерии биле уништени во експлозии и дека не се во функција.

„Оваа смешна и бескрајна војна со Украина мора да заврши“, порача Трамп.

— реклама —

Американскиот претседател и претходно го повика Зеленски да ги прекине нападите врз руските рафинерии, обвинувајќи го за глобалниот недостиг на дизел-гориво.

Од друга страна, Зеленски порача дека украинската страна очекува руските напади врз украинската енергетска инфраструктура и другите критични објекти да престанат, по што би следеле соодветни чекори од Киев за намалување на тензиите.

Средбата меѓу Трамп и Зеленски, според најавите, треба да се одржи во вторник, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryumbu21pcj1j54KMMoFP

Трамп размислува за укинување на санкциите за рускиот инвестициски фонд

Свет | пред 2 часа

— реклама —
zelenski-putin

Трамп најави средба Путин – Зеленски, но датумот сè уште не е познат

Свет | пред 3 часа

netanjahu

Израел на избори во сенка на војната, иднината на Нетанјаху неизвесна

Свет | пред 1 ден

media-librarynlf082n693g829fA5Ci

Трамп го нарече муслиманскиот демократ „џихадист“, критичарите оценуваат дека ја преминал границата

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања