Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски од Брисел: Европа мора да остане обединета, Уставот не дозволува тргување со територии во Украина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
Screenshot-2025-08-17-at-20.54.03

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска во Брисел им се обрати на европските лидери со серија клучни пораки за единството на континентот, мировните напори, прашањето за територијалниот интегритет и безбедносните гаранции за Украина.

— реклама —

„Европа мора да остане обединета како во 2022 година. Тоа единство е предуслов за вистински мир“, порача Зеленски, додавајќи дека убивањата мора веднаш да престанат.

Тој повика на прекин на огнот и почеток на реални преговори „онаму каде што е линијата на фронтот“, нагласувајќи дека токму таа контактна линија може да биде основа за политичко решение. Зеленски потсети и на фактот дека Русија веќе 12 години не успева целосно да го освои Донецк.

— реклама —

Во врска со територијалниот интегритет, украинскиот лидер беше дециден: „Уставот не дозволува тргување со територии. Тоа прашање може да се дискутира само во директен формат Украина–Русија, со посредство на САД.“ Доколку Москва одбие, според него, мора да следуваат нови санкции.

— реклама —

За безбедносните гаранции, Зеленски ја поздрави американската иницијатива да се создаде механизам сличен на член 5 од НАТО: „Тие мора да функционираат во пракса – на копно, во воздух и на море.“ Тој додаде дека и пристапувањето во ЕУ го смета за дел од тие гаранции, и предупреди дека раздвојување на процесот со Молдавија би било сериозно ослабување на европското единство.

Зеленски побара и помош од претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за програмата за училишни оброци за украинските деца во војна, со цел сите ученици да имаат барем еден топол оброк дневно.

— реклама —

На крајот, тој побара нов, 19-ти пакет санкции против Русија: „Стратешката ориентација на Кремљ е анти-европска. Мора да продолжиме да го ограничуваме тој потенцијал.“

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryo8qp68df6ra569vHY2R

(Видео) Русија го остави Киев без струја, луѓето излегуваат надвор и прават скара

Свет | пред 7 часа

— реклама —
media-libraryh6evpc8uubr20G55U2Z

(Видео) Воен авион од Москва слета во Израел, идентитетот на патниците е непознат

Свет | пред 9 часа

ruski-vojnik-rusija-

Над 450.000 загинати Руси во војната во Украина, протекоа податоци од руската агенција за статистика

Свет | пред 18 часа

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Дмитриев: Зеленски отсекогаш бил против Трамп и мировните иницијативи

Свет | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања