Украинскиот претседател Володимир Зеленски најави дека Украина ќе изведува превентивни удари врз цели кои Русија ги користи за спроведување и проширување на воените операции.
Како што пренесува Ројтерс, оваа најава доаѓа во период кога Киев ги интензивира нападите врз руската енергетска инфраструктура, со цел да изврши дополнителен притисок врз Москва и да ја поттикне на преговори.
„Им наложив на нашите разузнавачки служби и на вооружените сили да преземат превентивни мерки против целите што Русија ги користи за проширување на своите воени операции“, изјави Зеленски.
Украинскиот претседател не откри дополнителни детали за можните цели или за временската рамка на планираните операции.
Во последниот период, Украина значително ги засили нападите со беспилотни летала и ракети врз енергетски и воени објекти на руска територија, додека борбите на фронтот продолжуваат со несмален интензитет.