Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Зеленски утре првпат доаѓа во официјална посета на Србија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Свет
media-librarytlcqb15n5hba1m2XP36

Украинскиот претседател Володимир Зеленски утре ќе престојува во прва официјална посета на Белград, каде што ќе се сретне со српскиот претседател Александар Вучиќ.

— реклама —

Од кабинетот на Вучиќ не соопштија детали за посетата, но српскиот претседател најави дека со Зеленски ќе разговара за европската интеграција на двете земји, билатералната економска соработка и енергетските прашања.

„Се соочуваме со исти проблеми на европскиот пат, па верувам дека ќе разговараме како меѓусебно да си помогнеме. Ќе стане збор и за економската и енергетската соработка, но и за други теми од заеднички интерес“, изјави Вучиќ.

— реклама —

Двајцата лидери досега се сретнаа повеќепати на меѓународни конференции, а последен пат во јули, во Киев, на Самитот Украина – Југоисточна Европа.

— реклама —

На тој самит беше усвоена заедничка декларација за продолжување на политичката, воената, финансиската и безбедносната поддршка за Украина и за зголемување на притисокот врз Русија поради инвазијата. Вучиќ беше единствениот лидер од регионот што не ја потпиша декларацијата.

Иако Србија ја осуди руската инвазија врз Украина, Белград и натаму одбива да им се приклучи на санкциите на Европската Унија против Москва, повикувајќи се на традиционално блиските односи со Русија.

— реклама —

За време на средбата во Киев, Вучиќ и Зеленски се договорија да ги интензивираат билатералните контакти и почесто да се среќаваат на највисоко ниво, со цел унапредување на соработката и меѓусебна поддршка на нивниот европски пат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

zelenski-putin

Зеленски: И јас можам да му нацртам мапа на Путин, на која целосно ја окупирам Русија

Свет | пред 9 часа

— реклама —
media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски најави нови кадровски промени во украинските вооружени сили

Свет | пред 4 дена

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски подготвен за средба со Путин во Турција

Свет | пред 1 седмица

media-library7njld19fesuabfYGi6y

Зеленски е подготвен лично да разговара со Путин за територијалните прашања

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања