Промени тема
Контакт

Жељазков: Бугарија останува на условот за уставни промени за преговори на Скопје со ЕУ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Свет
media-library2u7ppo15mp8c5QIiMrC

Буграскиот премиер Росен Жељазков во емисијата „Недела 150“ на БНР, изјавил дека бугарскиот парламент не поставува различни услови, туку инсистираат на почитување на договорените предуслови за Република Северна Македонија да започне преговори за членство во Европската Унија.

— реклама —

„Бугарија не изразува никаков друг став освен ставот на Европскиот совет да ги вклучи промените во Уставот и да ги земе предвид сите одредби предвидени во протоколот, кои се дел од компромисниот предлог од 2022 година. Ние не поставуваме никакви различни услови од усвоениот предлог од 2022 година. Ако властите во Скопјe сакаат да бидат дел од ЕУ, тие мора да одат по овој пат, што е дел од ставот на самата Европска Унија кон Скопјe”, рекол бугарскиот премиер.

— реклама —
— реклама —

На прашањето дали е можен дополнителен билатерален протокол меѓу Бугарија и Македонија, кој некако би дал гаранции на Скопјe дека нема да има повеќе пречки на европскиот пат, претседателот на Бугарската влада кажал дека не може да има поголема гаранција од едногласната одлука на Бугарското Народно Собрание.

— реклама —

„На колегите од Скопјe треба да им биде јасно дека стоиме зад овој став, бидејќи е принципиелен. Нема да менуваме ништо во однос на претворање во билатерален спор, ниту во барање невидливи влијанија и интеракции со главните политички играчи низ целиот свет”, изјавил Жељазков.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryisls4fucpevc8tHiIAJ

Убиен познатиот бугарски бизнисмен Илијан Филипов

Балкан | пред 5 дена

— реклама —
Car_Samoil

Посмртните останки на цар Самоил, кои се откриени во Малото Преспанско Езеро, ќе бидат пренесени од Солун во Бугарија на 3 октомври

Балкан | пред 6 дена

media-library4bpjhnhpbnrh6WFAohV

Европската комисија со шест постапки против Бугарија, ѝ даде рок од два месеци

Балкан | пред 1 седмица

media-libraryj41dl1vvqdtl6DdkcnF

Шестгодишно момче пронајдено со убодни рани во стан во Софија, таткото скокнал од петти кат од зградата во која живееле

Балкан | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања