Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Земјотрес од 4,1 степен го разбуди северот на Србија, почувствуван и во регионот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Балкан
zemjotres-srbija

Земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтеровата скала ноќеска го погоди подрачјето кај Сомбор, поточно во близина на Бездан, соопшти Републичкиот сеизмолошки завод. Потресот бил регистриран околу 02:35 часот, а епицентарот се наоѓал на самата граница меѓу Србија и Хрватска, во близина на Бачки Моноштор, на длабочина од околу 13 километри.

— реклама —

Само десетина минути по главниот удар, следувал и последователен потрес со јачина од 2,5 степени. Земјотресот бил почувствуван и во други делови на Србија, како и во Хрватска, Унгарија и северниот дел на Босна и Херцеговина.

— реклама —
— реклама —

Граѓаните на социјалните мрежи споделија дека потресот ги разбудил од сон и предизвикал вознемиреност. Дел од нив опишуваат дека траел неколку секунди, но бил доволно силен за да создаде чувство на страв.

— реклама —

Засега нема информации за повредени лица или поголема материјална штета. Според експертите, земјотреси со ваква јачина обично не предизвикуваат сериозни последици, иако во епицентралното подрачје можат да се почувствуваат како силни и непријатни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarya21ta639bia97PyqYKE

Без задолжителен воен рок, реформи за БИА и прекинување на испорака на оружје за Израел – што планира новата власт во Србија?

Балкан | пред 21 час

— реклама —
media-librarysu4m6bp9n599eSutE3z

По речиси 14 години на функцијата, директорот на „Србијаводе“ поднесе неотповиклива оставка поради закани кон семејството

Балкан | пред 1 ден

media-librarya5t804gei9endSRDlmd

Истрагата за „звучниот топ“ во Србија била само формална, на оштетените им било оневозможено правото на жалба

Балкан | пред 2 дена

media-library9r80j55i9ibj73rSjgf

РЕМ му забрани на Информер да емитува утринска информативна програма седум дена

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања