Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Земјотрес со јачина од 5 степени ја погоди Шпанија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-library9ehhqh7k71795YEWgOP
Jens Aber / unsplash

Земјотрес со јачина од 5 степени рано утрово ја погоди областа Гранада во јужна Шпанија, при што засега нема информации за повредени, но е регистрирана материјална штета.

Епицентарот бил во близина на местото Алхендин, а земјотресот се случил на длабочина од само два километри, соопштија шпанските власти.

— реклама —

„Ноќ на вознемиреност во Гранада по земјотресот со јачина од 5 степени, кој предизвика одредена материјална штета, а потресот се почувствува и во неколку други провинции“, објави претседателот на владата на Андалузија, Хуанма Морено.

Тој ги повика граѓаните да останат смирени и внимателни во близина на оштетените покриви и фасади, кои би можеле дополнително да се урнат, како и да ги следат препораките на надлежните служби.

— реклама —

Службата за итни случаи 112 примила повеќе од 200 повици од граѓани по земјотресот.

— реклама —

Шпанскиот Национален географски институт првично ја проценил јачината на земјотресот на 4,8 степени, но подоцна проценката била коригирана на 5 степени.

На повеќе локации во Гранада биле регистрирани одрони, паѓање делови од фасади и покриви, како и друга материјална штета. Во местото Лас Габиас превентивно била евакуирана една зграда поради сомневање дека претрпела оштетувања.

— реклама —

Во Хујетор Вега дошло и до прекин на електричната енергија.

Градските власти на Гранада соопштија дека засега нема сериозна или широко распространета штета, но проверките на објектите и пријавените оштетувања продолжуваат.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaul2tl106a902NwdXGY

Тело на новороденче пронајдено во замрзнувач во Шпанија, можеби било скриено повеќе од 20 години

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryp5vijcf63f2b8Nf9qT8

Трагедија во Шпанија: Фудбалерот Хесус де Мигел почина по судир со противничкиот голман

Спорт | пред 1 седмица

media-library6rbqp6vc9ncddm8MVrW

Санчез најави помош за семејствата на загинатите во железничката несреќа во Шпанија

Свет | пред 1 седмица

media-libraryvumr28dd58mi77u4krE

Идентификувани 56 од 69 жртви во железничката несреќа во Шпанија: За преостанатите 13 е потребна меѓународна соработка

Свет | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања