Промени тема
Контакт

Жестоки напади на Израел во Газа, Палестинците масовно бегаат

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Свет
gaza-palestina-zname
Unsplash/Ahmed Abu Hameeda

Илјадници Палестинци побегнале во текот на ноќта од градот Газа откако израелските воени напади се интензивирале, се наведува во повеќе извештаи.

Повикувајќи се на проценките на израелската војска, The Times of Israel објави дека околу 20.000 луѓе ја напуштиле главниот град на Појасот Газа во текот на ноќта.

Палестинските власти исто така соопштија дека илјадници луѓе побегнале од разни населби кон југот на територијата, но дека многумина одбиле да го напуштат градот.

Повик за евакуација во „хуманитарни зони“

— реклама —

Израел во август најави дека неговите сили ќе воспостават целосна контрола врз градот Газа со цел да се справат со Хамас. Жителите беа повикани да се преселат во таканаречени „хуманитарни зони“ подалеку на југ.

— реклама —

И покрај опасноста по нивните животи, многумина не сакаат да се преселат во безбедните зони, бидејќи Израел веќе ги нападнал тие подрачја.

Израелската војска соопшти дека повеќе од 300.000 Палестинци неодамна го напуштиле градот и заминале во други делови од појасот. Медиумите под контрола на Хамас во Газа го проценија бројот на евакуирани на приближно 350.000.

— реклама —

Сведоци изјавија дека израелските напади врз градот Газа во последните неколку часа биле особено силни и дека погодиле бројни згради. Лекарите соопштија дека од полноќ се убиени најмалку 16 лица.

Израелската војска уништила десетици високи станбени згради во градот Газа, обвинувајќи го Хамас дека ги користи како набљудувачки позиции и за поставување експлозив.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

gaza44

Најмалку 73.919 загинати во Газа од почетокот на конфликтот

Свет | пред 17 часа

— реклама —
media-library0717c2blum7jcMdOpag

Бројот на загинати во Газа достигна 73.910, повредени се 174.914

Свет | пред 3 дена

media-library15v3jc6jpufm4Fqs4pH

25 минути овации за „НАЗА“ во Венеција, филмот за Газа е фаворит за Златниот лав

Филм | пред 1 седмица

gaza44

Речиси 1.300 Палестинци загинале по прекинот на огнот во Газа

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања