Промени тема
Контакт
LANDOV Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! 2:18:21 Гледај на LANDOV.MK

Зголемени водостои на повеќе реки низ државата, се излеа Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
reka

Центарот за управување со кризи информира дека поради врнежите од дожд и снег во изминатите 24 часа, на повеќе локации е забележано зголемување на водостоите на реките. Состојбата се следи континуирано, а надлежните служби постапуваат согласно потребите на терен.

„Кумановски регион

На подрачјето на општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане водостоите се зголемени, но засега нема опасност од излевање.

— реклама —

Во Општина Кратово, поради повремени врнежи од дожд, зголемено е нивото на Кратовска Река и Крива Река, без излевање.

Пелагониски регион

Битола:

Регистриран е одрон на магистралниот пат Е-65, за што е известено ЈП „Македонија пат“ – Битола.

— реклама —

Забележано е излевање на Сива Река во близина на локалитетот Хераклеа, за што е известено ЈП „Нискоградба“ – Битола.

Новаци:

Нивото на Црна Река изнесува околу 280 см.

— реклама —

Демир Хисар:

Зголемен е водостојот на реката Црна, без значителни излевања.

Охридско-кичевски регион

Кичево:

Евидентирани се 250 евакуирани лица, односно 63 семејства, на кои им се обезбедува храна, вода и неопходна поддршка.

Екипи на комуналните служби работат на расчистување и продлабочување на речното корито на Зајашка Река, како и на чистење на канализационата мрежа.

ТППЕ врши испумпување на вода од подруми на повеќе улици по пријави од жители“, велат од ЦУК.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryg9g003g5e052cDjp05t

Дождот и маглата ги заробиле на Пирибег: ЦУК координирал акција за спасување на двајца странски планинари

Македонија | пред 1 седмица

— реклама —
media-library79udkma0epe17GL70Xf

Осум пожари и натаму активни низ земјава, ЦУК регистрирал вкупно 21 пожар

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryj61haa5vc1i8cKYUxJs

Пожар кај Јаболчиште, гори букова и дабова шума

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryhh5dg8plv2epeFdas1H

Четири активни пожари во Македонија, два се под контрола

Македонија | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања