Зијадин Села: „Сејф сити“ камерите се против Албанците, за нивна финансиска репресија!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Коментари
media-librarynhpt3n4oh2rjfHXHtLB

Претседателот на едното крило на Алијанса на Албанците, Зијадин Села, остро реагираше на имплементацијата на проектот „Безбеден град“, оценувајќи дека станува збор за систем кој, наместо безбедност, има за цел финансиска експлоатација на одредена категорија граѓани, пред сè на Албанците.

— реклама —

Села посочи дека е загрижувачки кога, како што рече, дури и проекти што се промовираат како општо добро и како мерки за зголемување на безбедноста, во суштина се користат за „удирање по џебот“ на одредени заедници. Според него, не е тешко да се види каде и врз кого се применува проектот „Безбеден град“, наведувајќи дека камерите се поставени токму во Скопје, Куманово и Тетово, како и во скопските општини Чаир, Сарај и Бутел, каде што живее мнозинско албанско население.

— реклама —

Тој оцени дека камерите се концентрирани на влезовите и излезите што ги користат Албанците за движење кон Скопје, како и во делови со застарена или недоволна патна и сообраќајна инфраструктура.

— реклама —

„Нема семафори, но има камери за казнување. Нема паркинзи, но има глоби. Нема соодветна сообраќајна сигнализација, но има високи казни“, порача Села, нагласувајќи дека ваквиот пристап претставува класичен пример на експлоатација.

Во своето обраќање тој ја поврза оваа политика и со финансиските обврски на државата, посочувајќи дека Северна Македонија годинава треба да врати околу две милијарди евра кредити. Според него, тие средства ќе се обезбедуваат токму од граѓаните во средини каде што најмалку се инвестирало, меѓу кои и преку проектот „Безбеден град“.

Села додаде дека е свесен оти ќе биде обвинет дека на секое прашање му дава етничка димензија, но нагласи дека, како што рече, ниту тој ниту Алијанса на Албанците некогаш молчеле или ќе молчат кога, според нив, се прави неправда. „Не ние ги посочуваме етничките разлики, туку тие што владеат и што со прст нè обележуваат. Нашата обврска е да зборуваме и да не молчиме“, порача Села.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sela-vo-pretres-3

Села бара оставка од Филков: Правосудниот испит да се одржи на албански јазик

Македонија | пред 1 седмица

media-librarynhpt3n4oh2rjfHXHtLB

Села пак се огласи: „Безбеден град“ создава несигурност и неправда особено кај Албанците

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryeq02ponch0c09PmWGEH

(Видео) Села бара двојазични казни кои ќе стигаат на адреса, а не на телефон, па се побуни оти имало многу камери низ Чаир во споредба со други општини

Македонија | пред 3 седмици

bekim-sali-3199

Сали и Хоџа во фотелјите на Меџити и Муртезани

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања