Промени тема
Контакт

Зимски услови на државните патишта, магла на правецот Гевгелија – Богородица

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
magla

Сообраќајот на државните патишта во земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози, информираат од АМСМ. Намалена видливост и појава на магла до 60 метри е забележана на патниот правец Гевгелија – граничен премин Богородица.

— реклама —

Од 15 ноември 2025 година во сила е законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталните временски услови. Оваа обврска ќе трае до 15 март 2026 година.

— реклама —

Интензитетот на сообраќајот на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, од македонска страна, нема подолги задржувања за патнички возила и автобуси при влез и излез од државата.

— реклама —

Од АМСМ апелираат на прилагодена брзина на движење, почитување на сообраќајната сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде постои опасност од одрони. Како критични се посочуваат делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Воедно, се потсетува дека патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е затворен за сообраќај за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

avtopat

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп–Битола кај Млин „Осман“

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-1690PM

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања