Промени тема
Контакт

Зимски услови на патиштата: Снег на Попова Шапка и магла кај Серта, сообраќајот се одвива непречено

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Македонија
UGTPZ-pat-sneg-kamion

Сообраќајот на државните патишта низ земјава се одвива во зимски услови, по претежно влажни коловози. Слаби врнежи од снег се бележат на Попова Шапка, но без задржување на снегот на коловозот. Намалена видливост поради магла до 80 метри има на патниот правец Штип – Неготино, кај Серта.

— реклама —

Сите патни правци во државата се проодни, а интензитетот на сообраќај надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

— реклама —

Од АМСМ потсетуваат дека од 15 ноември 2025 година е во сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба, која ќе трае до 15 март 2026 година.

— реклама —

Се препорачува внимателно управување со возилата, прилагодена брзина и почитување на сообраќајната сигнализација, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите каде има можност од одрони. Апелот особено се однесува на делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Поради сезонски режим на сообраќај, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица останува затворен за сите видови возила во периодот од 21 ноември 2025 до 31 март 2026 година.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

54a8ff4e-c248-4646-bfb8-58acb0765237-odron-718x446-1

Внимание за возачите: Одрони и градежни работи на повеќе патишта

Македонија | пред 2 седмици

— реклама —
media-librarynri8ec573k3n4jAwGjT

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

avtopat

Прекинат сообраќајот на патот Прилеп–Битола кај Млин „Осман“

Македонија | пред 1 месец

eZy-Watermark_26-08-2023_12-39-42-1690PM

Зголемена фреквенција на патиштата, нема подолги задржувања на границите

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања