Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Зимски услови на патиштата, забрана за товарни возила на ГП Ники до 10 јануари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Македонија
Screenshot-2021-11-30-at-12.12.16

Утрово сообраќајот на државните патишта во Македонија се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Надлежните служби информираат дека од денеска е на сила забрана за движење на товарни моторни возила преку Граничен премин Ники (Меџитлија), која ќе трае до 10 јануари 2026 година, до 10:00 часот. За патничките моторни возила, сообраќајот преку овој граничен премин се одвива без ограничувања.

— реклама —

Истовремено, потсетуваат надлежните, од 15 ноември 2025 година е на сила законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во сите моторни возила, без оглед на моменталните временски услови. Оваа обврска ќе важи до 15 март 2026 година.

Интензитетот на сообраќајот на патиштата надвор од урбаните средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, засега не се евидентирани подолги задржувања при влез и излез од државата.

— реклама —

Надлежните апелираат до возачите да ја прилагодат брзината и начинот на возење кон зимските услови и редовно да ја следат состојбата на патиштата, особено во пресрет на најавеното заладување и можните снежни врнежи во наредните денови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

pat-magla

Влажни коловози и магла: видливоста на патот Тетово – Попова Шапка намалена на 30 до 40 метри

Македонија | пред 1 месец

media-libraryv2v42euca9ft5HpoR1r

Слаб снег на Струмица–Крушево и Ѓавато, сите патишта се проодни

Македонија | пред 1 месец

Screenshot-2024-01-08-at-09.56.05

Забрани за тешки возила на повеќе планински превои, сообраќајот се одвива по влажни коловози

Македонија | пред 1 месец

media-librarynrobr0iub9jjewyTFSX

Сообраќајот се одвива непречено, по претежно суви коловози

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања