„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

„Зимзоленд“ се демонтира: Лунапаркот работел без дозволи и без хигиенски услови

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 седмици -

Скопје
media-libraryurdlg2hik65qcX4p8dm

Општина Аеродром ќе го отстрани забавниот парк „Зимзоленд“, откако беше утврдено дека лунапаркот речиси две недели работел без никакви дозволи и неопходна документација. Инспекцискиот надзор беше спроведен по објавата на „Телма“, а општината ги потврди информациите дека организаторите немале ниту еден валиден документ за работа.

— реклама —

Инспектори од четири институции — Градежната инспекција на Општина Аеродром, Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Дирекцијата за заштита и спасување — вчера извршија увид во забавниот парк.

Од Државниот пазарен инспекторат соопштија дека затекнале лица кои вршеле нерегистрирана дејност. Тие ќе се соочат со казни, а сопствениците на лунапаркот се повикани да достават целосна документација, вклучително и податоци за тоа кој управувал со „Зимзоленд“.

— реклама —

Сериозни неправилности имало и во делот на санитарните услови. Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) при вонреден надзор утврдила дека организаторот не е регистриран како оператор со храна и дека воопшто не ја известил Агенцијата дека во паркот ќе се продава храна.

„Поради неисполнување на основни хигиенски услови за поставување на штандови на кои ќе се произведува и ќе се врши промет со храна, АХВ изрече мерки на секој штанд, но и на правното лице-организатор на манифестацијата ‘Зимзоленд’. Нему, покрај парична казна од 500 евра, му е изречена и времена забрана за вршење дејност производство и промет со храна,“ соопштија од Агенцијата.

Во меѓувреме, Министерството за внатрешни работи интервенирало и во дел од сообраќајниот метеж околу локацијата, по бројни реакции од жителите на блиските згради кои со денови се жалеа на бучава и хаос — проблеми кои, како што се покажа, ги создавал диво поставениот лунапарк.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarypd4cm6ikvp3t7XpUG8X

УЈП утврдила неправилности на „Зимзоленд“: неиздавање фискални сметки и најавено запечатување

Македонија | пред 3 дена

media-libraryurdlg2hik65qcX4p8dm

(Видео) „Зимзоленд“ вечерва затворен по контроли на УЈП

Македонија | пред 3 дена

media-libraryurdlg2hik65qcX4p8dm

Левица: Дали Митески чека трагедија за да го затвори „Зимзоленд“?!

Скопје | пред 1 седмица

media-library6sfckj3n1vub9etESFy

Зимзоленд демантира шпекулации за затворање – продолжува со редовно работно време

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања