Жива срамота е СДС да говори за клановски пресметки, бидејќи тие се творците – тие ги штитеа, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
vmro_dpmne

„Грдото лице на власта на СДС и ДУИ значеше и бруталната пресметка на клановите Дуќанџик и Арачиново. Оваа клановска борба својот врв го достигна во време на Оливер Спасовски, кога лица тесно поврзани со мафијашките структури беа дел од неговиот кабинет, а полициски службеници заедно со криминалците учествуваа во директните пресметки, како што беше таа во хотелот Александар Палас. Владеењето на СДС и ДУИ беше симболот на беззаконието и јакнењето на подземјето“, вели ВМРО-ДПМНЕ на пресот на Богданка Кузеска од СДСМ.

— реклама —

Тие додаваат: „Разузданите банди и мафијашките пресметки низ Скопје и други места се директно дело на поранешната власт, затоа што истите ги користеа за избори, а после им се оддолжуваа со тоа што им ги отвораа улиците за трговија со дрога. Жива срамота е СДС да се дрзне да говори за вакви пресметки, бидејќи тие се творците на клановите и клановските пресметки по угостителски локали, трговски центри и по улици. СДС нека се покрие од срам, затоа што ги охрабруваа членовите на подземјето да дивеат, им даваа заштита и поддршка, а не изостануваа и фотографии на мафијаши со функционери од власта на СДС и ДУИ“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryr0nm7kal2loidVEYfFw

ВМРО-ДПМНЕ: ДУИ да престане да го брани Дехари, жртвите да добијат заштита

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Дали 90 милиони денари од тендерот за ремонти на Марковски завршиле кај Заев и Филипче, праша Манасиевски

Македонија | пред 3 месеци

zaev-filipce-1

Ако Заев земал куферче со пари од Борисов, сега какво куферче бугарски пари земал Филипче за актуелниот трик наречен црвени линии, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 3 месеци

ck-dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: СДС со кривични пријави бега од одговорност и прикрива повици за убиство

Македонија | пред 4 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања