Промени тема
Контакт

ЗНАМ: Безбедноста во Центар е жртва на агресивната бетонизација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-library5uhlajhjb6ef5XKYqPm

Движење ЗНАМ преку соопштение побара итни и редовни инспекциски контроли на сите активни градилишта во Општина Центар, по инцидентот со свлечиштето и оштетувањата на булеварот „Теодосиј Гологанов“.

Од партијата обвинија дека локалната власт реагира задоцнето и само по настанати инциденти, наместо превентивно да ја гарантира безбедноста на граѓаните.

Во соопштението, ЗНАМ го обвини градоначалникот Горан Герасимовски дека дозволил „агресивна и небезбедна бетонизација“ на општината и дека инспекциските служби функционираат само како механизам за „гасење пожар и дефокусирање на јавноста“.

— реклама —

Од советничката група посочија дека граѓаните не треба да чекаат нови инциденти за институциите да почнат да постапуваат.

— реклама —

ЗНАМ бара во рок од еден месец да се извршат редовни и вонредни инспекциски надзори на сите активни градилишта во Центар, а извештаите јавно да бидат објавени на веб-страницата на општината.

Партијата најави дека за ова барање ќе поднесе официјална иницијатива на следната седница на Советот на Општина Центар и ги повика сите советници да ја поддржат.

— реклама —

„Безбедноста нема партиска книшка“, порачаа од ЗНАМ, оценувајќи дека граѓаните заслужуваат сигурност и функционален систем, а не, како што велат, „ад-хок ПР акции“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd9pops6u80lj6lr8Cyw

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Македонија | пред 3 дена

— реклама —
gerasimovski-centar-1

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Скопје | пред 1 седмица

maksim

„Македонија е наша татковина, иднината е наша заедничка обврска“: ЗНАМ со честитка по повод Денот на независноста

Македонија | пред 2 седмици

maksim

ЗНАМ: Нема место за глорификација на воени злосторства во Македонија

Македонија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања