Промени тема
Контакт

ЗНАМ останува доследен на реформите, стабилноста и враќањето на довербата во институциите, вели Димитриевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-libraryob49n8fcqghc41gTRrq

Претседателот на Движење ЗНАМ за Наша Македонија, Максим Димитриевски, во гостување на ТВ Сител изјави дека државата мора да влезе во суштински процес на реформирање на институциите, враќање на правната сигурност и обновување на довербата кај граѓаните.

Тој оцени дека станува збор за долг и сложен процес, бидејќи, како што рече, нефункционалниот систем се создавал со децении.

— реклама —

„Ние не сакаме да ги практикуваме методите од минатото и да вршиме политички притисоци врз судството и обвинителството. Нашата определба е институциите да бидат независни и професионални“, изјави Димитриевски.

— реклама —

Лидерот на ЗНАМ посочи дека движењето останува стабилен и конструктивен партнер во Владата и изрази задоволство од работата на министрите од редовите на партијата.

Според него, токму во ресорите јавна администрација и правда се подготвуваат важни реформски процеси кои се дел и од европската реформска агенда на државата.

— реклама —

„Нашите министри не работат за дневнополитички маркетинг и краткорочен ефект, туку на суштински и стратешки реформи“, нагласи Димитриевски.

Осврнувајќи се на можноста за предвремени парламентарни избори, тој оцени дека во моментов на државата ѝ се потребни политичка стабилност, институционална функционалност и фокус кон економијата и инвестициите.

Димитриевски додаде дека ЗНАМ е подготвен за избори кога и да се одржат, но смета дека треба прагматично да се процени што државата би добила, а што би изгубила од евентуални предвремени избори.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqs8lm10glap46Z6cw9N

ЗНАМ до СДСМ: против кого пукнала првата пушка на 11 Октомври – против бугарските администратори или против бугарските фашистички окупатори?

Македонија | пред 2 дена

— реклама —
media-library7i9k6q577urva7J4olP

Од роботска рехабилитација до нова фасада: ЗНАМ со двегодишен отчет за Клиниката на Мехмедовиќ

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryd9pops6u80lj6lr8Cyw

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме

Македонија | пред 3 седмици

gerasimovski-centar-1

ЗНАМ го обвини Герасимовски за цензура: Снимката прекинува додека советничка зборува за ДУП „Барутана“

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања